12. Меѓународен саем за образование „Моја кариера мој избор“, 19. и 20. Април 2019, Ниш, Србија

Меѓународниот саем за образование „Моја кариера мој избор“ ќе се одржи на 19 и 20 април 2019г. во офицерскиот дом во Ниш, Србија. Саемот годинава ќе се одржи по 12 пат, а на него се претставуваат над 40 виши школи, државни и приватни факултети од Ниш, Србија и од странство, кои ја претставуваат понудата на најмодерните видови на образование.