14. Меѓународен саем на образование „Патокази“, 7.3 – 9.3.2019, Нови Сад, Србија

2ТМ традиционално ќе учествува на саемот за образование „Путокази“, кој ќе се одржи во Нови Сад, Србија од 7 до 9 март 2019 година. На овој меѓународен саем секоја година се претставуваат околу 500 образовни институции од земјата и од странство, а наменет е за сите идни средношколци и студенти кои  бараат „патокази“ за избор на вистинскиот професионален пат.

Претставниците на 2ТМ и оваа година ќе ги информираат сите заинтересирани средношколци и нивните родители, за начинот на студирање во Словенија и предностите за стекнување на меѓународно призната диплома со европски квалитет.

За време на саемските денови, посетителите на штандот на 2ТМ ќе имаат можност да  се информираат за изборот на студиските програми на словенечките универзитети, уписните рокови, потребните документи за пријава, како и за условите за прием на одредени програми.

Ве каниме да го посетите  штандот на 2ТМ, каде лично ќе ги добиете одговорите на сите ваши прашања во врска со студиите во Словенија!