20-години од основањето на Факултетот DOBA: онлајн обука преку броеви

Факултетот DOBA објави низа на броеви, кои што ја прикажуваат неговата работа во текот на својата дваесет годишна историја. Па така за наведениот период Факултетот образувал 7102 специјалисти од 46 земји во светот. На Факултетот за време на изминатите години предавале 208 професори. На факултетот се реализираат 13 онлајн програми, тој има две меѓународни акредитации.

Средната возраст на онлајн студентите е 29 години. Соодносот на мажи и жени изнесува 35% наспрема 65%. 82% од студентите успешно се запишуваат на следната година. 83% од дипломците од Факултетот успешно наоѓаат работа. 64% од дипломците од Факултетот после шест месеци од дипломирањето достигнуваат карирен раст.

Според податоците од Службата за статистика, студентите во Република Словенија се скоро половина на возраст од 20 до 24 години. Во 2018/2019 академска година во земјата има скоро 76 илјади студенти, запишани на 834 студиски програми, од нив – 19 илјади се прва година. Во сите сфери на образованието, освен две, преовладуваат студентки. Традиционално „машки“ гранки се – техничките науки, производните технологии и градежништвото, а исто така и информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).

Извор: doba.si