23-годишната Словенка Аља Хорват се наоѓа на списокот на Форбс на 30 највлијателни млади европски уметници и културни работници

На 23-годишна возраст, словенечката илустраторка Аља Хорват добива големо признание за својата работа – таа е на списокот на Форбс на 30-те највлијателни уметници и културни личности, кои имаат помалку од 30 години. Аља Хорват е единствената Словенка која годинава ја награди Форбс.

Претходно нејзината работа се најде на полиците на хипстерската модна мека Urban Outfitters. Соработувала со реномирани брендови и компании како што се Renault, Anthrophologie, Causebox. За време на карантинот, таа работи во своето домашно студио во Марибор.

Нејзината успешна кариера започна уште на 21-годишна возраст и за чија заслуга покрај неоспорениот талент секако беше и мајсторството на комуникација преку социјалните мрежи, преку кои таа за брзо врме ги надмина границите на Словенија.

Извор: rtvslo.si