2ТМ доаѓа во Сараево

Екипата на 2ТМ на 5. декември 2019 ќе гостува во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што нашите претставници ќе одржат презентации и консултации. На учениците кои се во завршните години од средното училиште ќе им ги претстават предностите на студирањето во Словенија, ќе одговараат на нивните прашања во врска со уписните рокови, процедурите, условите за упис, изборот на студиски програми, како и на општи прашања за студентскиот живот во Словенија.

Не ја пропуштајте оваа одлична можност и информирајте се од прва рака за студирањето во Словенија!