2ТМ ги нуди програмите „Медицина“ и „Стоматологија“: потпишан е договор за соработка со Медицинскиот факултет при Универзитетот Павел Јозеф Шафарик

Според статистиката на 2ТМ, околу 30% од прашањата на заинтересираните за студии се поврзани со програмите по медицина. Сепак, ние овие програми активно не ги нудевме во Словенија поради фактот што словенечките факултети немаат програми по медицина на англиски јазик (само на словенечки). Притоа, нивото на знаење на словенечкиот јазик мора да биде најмалку на ниво Б2 односно Ц2. Покрај тоа, за упис на медицина кандидатот мора да има просек 5,00.

Поради тоа, компанијата 2ТМ потпиша договор со Медицинскиот факултет при Универзитетот Павел Јозеф Шафарик во Кошице (Словачка). Во рамките на таа соработка, на кандидатите сега им нудиме интегрирани програми по „Општа медицина“ и „Дентална медицина“. Времетраењето на студиите е 6 години (12 семестри), а наставата на англиски јазик.

Во текот на студиите студентите се стекнуваат со специјализирани знаења од теориските, предклиничните и клиничните предмети, преку предавања, семинари, пракса и консултации. Студентите ја вршат праксата во универзитетската болницата Луј Пастер во Кошице и во шест други медицински установи. Дипломантите се стекнуваат со назив „доктор по медицина“ и „доктор по дентална медицина“, што им овозможува работа не само во било која земја од Европската Унија, туку практично и во целиот свет.

За упис на овие програми се предвидени приемни испити. Кандидатите полагаат тест кој трае 150 минути и вклучува 100 прашања од областа на хемијата и 100 од областа на биологијата. Прашањата носат по 4 поени или вкупно 800 поени. Познавањето на англискиот јазик мора да биде на ниво Б2 (не е задолжителен сертификат). Цената за академска година на програмата „Општа медицина“ изнесува 10.500 евра, а за програмата „Дентална медицина“ изнесува 11.000 евра.

Доколку сте заинтересирани за студии на овие програми и сакате да дознаете повеќе за нив, контактирајте нè на е-маил: education@2tm.si или исполнете го образецот на веб страницата education.2tm.si. Можете да нè контактирате и преку Фејсбук.