2ТМ ги посети средните училишта во Бања Лука, БиХ

Специјалистите за образование од 2ТМ – Љубљана, во периодот од 28 до 30 јануари 2019 година, ги посетија средните училишта во Бања Лука, БиХ, со цел да ги претстават предностите на студиите во Словенија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Најголем интерес за организираните презентации во неколкуте стручни училишта, искажаа учениците од трета и четврта година, кои веќе размислуваат каде ќе го продолжат своето образование.

Претставниците на 2ТМ одговараа на нивните прашања поврзани со пријавните рокови и постапки, условите за упис, изборот на студиските програми и општо за студентскиот живот во Словенија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Според мислењата на идните студенти, голема предност е тоа што студиите во Словенија за нив се бесплатни, а стекнатата диплома е меѓународно признаена и со европски квалитет.

Посетата на 2ТМ во БиХ, се поклопува со почетокот на професионалната ориентација во средните училишта, која ја изведуваат училишните психолози и педагози и која трае до месец март.

Во вторник попладне, на 29 јануари, во Хотелот Палас во Бања Лука, 2ТМ организираше и индивидуални консултации за идните студенти и нивните родители, кои сакаа да ја потврдат одлуката за студии во Словенија.

Сите термини за лична консултација со специјалистите на 2ТМ беа исполнети, а кандидатите на нив се пријавуваа со претходно закажување.