2ТМ зема учество на „Изложба на високите образовни установи за кандидати и нивните родители во Харков“

Во петок, 22 февруари, вработените во харковската канцеларија на 2ТМ земаа учество во „Изложба на високообразовните установи за кандидати и нивните родители во Харков“. Настанот со девиза „Јас ја избирам иднината“ се одржа во просториите на харковското училиште бр. 162.

Како што раскажа регионалниот раководител на канцеларијата 2ТМ во Харков, Татјана Сорокина, средбата се одржала во формат на «SpeakingClub». Учесници на настанот беа претставници на девет водечки високообразовни установи од Харков, образовни агенции 2ТМ, StudentTravel, Stageup, «Еуростади», а исто така и околу 200 кандидати, нивните родители и наставници. Учесниците на средбата разговараа за проблемите на кандидатите при изборот на варијантите за понатамошно школување, придобивките од учењето во разни држави а воедно и барањата од кандидатите.

Photo: © 2TM d.o.o.

Моменталната тенденција е дека се повеќе украински средношколци одзаминуваат на студии надвор од државата. При тоа кандидатите многу сериозно му се посветуваат на изборот на образовната институција и земјата за студирање. Во текот на разговорот учениците споделија со нас какви критериуми при тоа се важни за нив. А имено: престижот на образовната институција, нивото на практичната подготовка за специјалистите, важноста на дипломата во очите на сериозните работодавци, а исто така и животниот стандард во земјата во која што ќе учат студентите“, – раскажа Татјана Сорокина.

За време на настанот претставниците на харковските високообразовни институции им пренесоа на учениците информација за подготвителните курсеви за екстерно тесторање, за студирање на различни специјалности и за програмите за двојни дипломи. Исто така, претставниците на образовните агенции раскажаа за себе и за образовните услуги, кои што тие ги претставуваат, разговарајки за придобивките од студирање во Канада, Германија, Полска, Чешка и Словенија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Особено им ги посочивме на идните бруцоши на добивањето на европска диплома во Словенија, на учебните програми ориентирани на пракса на словенечките образовни институции, лесната адаптација на нашите студенти во Словенија, нивните можности да работат дури за време на студирањето, а исто така перспективите за вработување во иднина“, – забележа претставникот на 2ТМ.

Да додадеме дека во висообразовните институции и колеџи во Словенија во тек е првиот уписен рок. За бакалавриат на универзитетите во Љубљана и Марибор тој трае до 19 април, во Приморскиот универзитет – до 24 мај, во универзитетот во Нова Горица до 30 март. Првиот уписен рок на словенечките колеџи е уште пократок – до 18 март. Ве советуваме да го искористите ова време корисно! Подетална информација за се што се однесува на процесот за запишување во високообразовните институции во Словенија, Вие може да дознаете од нашите специјалисти. Адресирајте ги своите прашања до нас преку специјалниот формулар на нашиот сајт.