2ТМ зема учество во Московскиот ден на професионалната ориентација и кариера и изложбата «Хоризонтите на образованието» во Санкт-Петербург

Последниот воз за кандидатите и образовните институции само што не избегал: имено сега учениците кои што завршуваат школо активно ги анализираат варијантите за своето понатамошно школување, а високообразовните институции и колеџи проведуваат работа за професионална ориентација и се подготвуваат за пополнување на студентското семејство. Затоа крајот на зимата и почетокот на пролета традиционално се преполнети со секакви образовни настани – форуми за кариера, изложби, семинари, на кои што кандидатите непосредно се запознаваат со образовните установи.

Photo: © 2TM d.o.o.

Секако тимот на 2ТМ не стои на страна од овој процес. Минатата недела вработените во нашата компанија земаа учество паралелно на два огромни настани – изложбата „Хоризонти на образованието“, која што се одржи на 28 февруари во Санкт Петербург, а исто така и на Московскиот ден на професионалната ориентација и кариера, кој што се одржа на 2 март во престолнината на Русија. Да потенцираме дека наведените настани се одржуваат двапати годишно, напролет и наесен, и привлекуваат на своите настани илјадници посетители.

Photo: © 2TM d.o.o.

Како што раскажа раководителот на регионалната канцеларија на 2ТМ во Санкт Петербург, Ксенија Балаова,  двете исложби поминале доста активно, предизвикувајќи огромен одзив кај посетителите. Меѓудругото помеѓу посетителите не беа само учениците кои што завршуваат оваа година туку и ученици од десетите класови и дури и ученици од 8 – 9 класови  , а исто така дипломирани студенти кои што се интересирале за понатамошно образование надвор од границите на Русија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Посетителите активно се интересираа за нашите презентациски материјали, задаваа многу прашања. Некои школи нас веќе не знаеа од семинарите и презентациите, кои што ние ги одржувавме кај нив. Исто така имаше и школи кои што дознале за нас од свои извори и дошле да се запознаат подетално. Помеѓу правците за кои што се интересираа гостите на нашиот штанд беа хемија, биологија, информатика, меѓународни односи. Прашуваа за условите за стекнување на образование за  режија на тон што не се случува често. И секако се интересираа за основните прашања кои што се однесуваат на уписите и студиите во Словенија. Тоа што нас многу не израдува е што напливот на посетители беше таков што немавме можност ни да седнеме да се одмориме. И така ние се исморивме , но тоа е пријатен замор“, – раскажа Ксенија Балашова.

Photo: © 2TM d.o.o.

Во исто време ние продолжуваме со нашето учество на образовните настани, и веќе на 16 март ќе ни биде драго да Ве видиме Вас на дводневната изложба „Образобание и кариера“ во Санкт Петербург. Сладете ги информациите на нашата веб страна и изберете образование во Словенија!