33-то Државно првенство во логика

Околу 31 илјада натпреварувачи учествуваа на 33-тиот Државен натпревар во логика, кој го организаираше Сојузот за техничка култура (ZOTKS).

На ниво на 22 основни училишта, на државното натпреварување се пријавија 1848 натпреварувачи, кои добија 236 сребрени и 121 златни признанија. Помеѓу апсолутните победници беше и Александар Косановиќ од основното училиште Родица.

На ниво на средни училишта, на натпреварувањето учествуваа 548 напреварувачи, а поделени се 188 сребрени и 105 златни признанија. Помеѓу апсолутните победници од Горењска е Теуж Лотрич од гимназијата во Крањ. 195 ментори ги подготвуваа учениците на натпреварувањето.

На државното првенство учествуваа и студентите, кои добија 26 сребрени и 13 златни признанија. Натпреварувањето за учениците и за студентите, кое се одржа во сабота на 10-ти ноември 2018 година, се одржа на Факултетот за елетротехника при Универзитетот во Љубљана.

Извори: gorenjskiglas.si, zotks.si, zotks.si