18 – ти Ден на ФЕРИ при Универзитетот во Марибор 2018

Во четврток на 29-ти ноември во 2018 гдоина, на церемонија во аулата беше одбележан 18 – тиот Ден на ФЕРИ при Универзитетот во Марибор.  

На почетокот на настанот говореа ректорот на УМ, проф.др.Здравко Качич, деканот на УМ ФЕРИ, проф.др.Борут Жалик и студентката на УМ, Маруша Лешник. На централниот дел на церемонијата беа поделени плаќети на соработниците и студентите на ФЕРИ во 2018 година.  

Во 2018 година, 9 кандидати се здобиле со називот доктори на науки, шест од областа на Електротехниката и три од областа на Компјутерите и информатиката. На поранешниот ректор, проф.др.Игор Тичар и долгододишен соработник на факултетот му беше изразена благодарност.  

На настанот настапи и Мешаниот хор ФЕРИ УМ. Традиционално, на денот на празнувањето на факултетот, членовите на фотографскиот клуб ФЕРИ подготвија изложба. Факултетот ве кани на изложбата на тема „архитектура“ до 14 – ти Декември 2018 година.  

Извор:  feri.um.si