Изложба на семестралната продукција на студентите од Академијата за уметности при Универзитетот во Нова Горица

В четврток, на 24 јануари 2019 година, од 18 до 21 часот ќе се одржи семестралната изложба на студентите од Академијата за уметности при Универзитетот во Нова Горица.

Студентите од Академијата за уметности успешно се претставуваат на национални и меѓународни настани. Ирена Гатеј доби награда за најдобар студентски филм на филмски фестивал во Скопје. Нововостановената награда на Друштвото за словенечки анимиран филм, за проект во развој ја доби студентот на магистерски студии – Само Бихар, а посебно признание доби Катарина Блажич. Апсолвентката на магистерски студии Сандра Јовановска доби стипендија од мариборскиот фестивал МФРУ.

Претходната година им била исполнета со настани, многу домашни гости и гости од странство биле во посета на Академијата – во октомври 2018 година му го доделиле признанието за почесен доктор на нивниот долгогодишен поддржувач и соработник, признатиот хрватски режисер Рајко Грлиќ; по две години, минатата недела со нив се дружел Желимир Жилник; ги посетил Арне Ходалич; па француската аниматорка Julia Peuget; а повторно им се придружила и Робертина Шебјанич (работилница: Уметност и наука и технологија/Уметност и екологија).

Интернет-врска: ung.us3.list-manage.com