Универзитетот во Марибор ги кани студентите да земат учество во националниот натпревар „Маркетиншка трка“

Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот во Марибор (катедра за маркетинг во соработка со Клубот за маркетинг), заедно со компанијата „Енергија плус“ („Energija Plus“) (партнер и спонзор на настанот), го објавува националниот тимски студентски натпревар „Маркетиншка трка“. Темата на натпреварот е „Како да се привлечат нови потрошувачи на стока за домаќинство, со цел критериум за промената на испорачател на електрична енергија да не биде само цената?“.

На натпреварот учество можат да земат тимови студенти со економска специјалност (до 5 лица). Пријавите се поднесуваат до 2 март 2019 година.

Задачата на натпреварот кој се организира повеќе од 10 години е да ги поврзе студентите со економијата, да ги запознае со работата на водечките словенечки компании, да им помогне да ги применат своите знаења и способности во решавањето актуелни маркетиншки проблеми. Наградата за првото место (од компанијата „Енергија плус“) изнесува 2.000 евра.

Повеќе информации Начин и прием на пријави

Извор: efnet.si