Словенците се лидери меѓу земјите од Југоисточна Европа во извештајот на Форбс „Најдобри земји за бизнис“

Словенија е лидер во Југоисточна Европа во последниот извештај на Форбс „Најдобри земји за бизнис“ кој беше направен во декември 2018 година. Од 161 земја во светот кои влегоа во рејтингот, Словенија го зазеде 31 место, се соопштува на сајтот на Форбс. Треба да забележиме дека второто место кај земјите од регионот и 41 место во рејтингот зазема Романија.

Порастот на економијата на Словенија достигна 5% во 2017 година и се очекува во 2018 година да се повтори истиот овој показател. Во исто време се продолжува со фискалната консолидација за сметка на зголемувањето на приходите од даноците и на социјалните дотации, што веројатно ќе доведе до избалансиран државен буџет во 2019 година, забележува Форбс.

Додаваме дека на овој рејтинг Бугарија го зазема 46 место, Хрватска – 52, Србија – 56, Македонија – 68, Црна Гора – 72, Албанија – 74 место. 87 место го зазеде Молдавија, Босна и Херцеговина – 98 место, која е и последна земја од Југоисточна Европа. На врвот на рејтингот се наоѓа Велика Британија која, без оглед на Брегзит, останува привлечна на планот на бизнис-климата, пишува Форбс.

Извор: seenews.com