Универзитетот од Марибор учествува во меѓународен проект за повишување на квалитетот на високото образование

Универзитетот од Марибор учествува во проектот Erasmus + за повишување на квалитетот на високото образование. Името на проектот е: Reforming doctoral studies in Montenegro and Albania – good practice paradigm – MARDS („Реформа на докторските студии во Црна Гора и Албанија – парадигма на добрата практика“). Во проектот учествуваат 15 партнери од 6 земји, координатор е универзитетот од Црна Гора. Рокот за реализација е 3 години (од ноември 2018 година до ноември 2021 година).

Основната цел на проектот е реформата на докторските студии во Црна Гора и Албанија во согласност со Салцбуршките принципи и отварање на одржливи заеднички докторски пилот школи со учество на двете соседни земји кои што се партнери, како пример за добра практика во регионот на Западен Балкан.

Основните задачи на универзитетот од Марибор како партнер во рамките на проектот е обезбедување на квалититна реализација на проектот во согласност со планот за оцена на квалитетот, учество во органзацијата на курсот на темата квалитетот на образованието во докторските студии во организација на заедничката докторска школа во Подгорица.

Дејноста на универзитеотот од Марибор во рамките на проектот ја координира факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика со учество на професори од факултетот за организациски науки и факултеотот за земјотелство и биосистемски науки. Административното управување на проектот го овозможува одделот за научни истражувања и дејности во сферата на уметноста од универзитеотот во Марибор.

Да напоменеме дека првата средба со учесниците на проектот се одржа од 20 до 22 февруари 2019 година во Подгорица.

Извор: um.si