Интензивните курсеви за словенечки јазик се веќе во тек

Во понеделникот на 19-ти август 2019 година, започнаа да се одржуваат интензивните курсеви по словенечки јазик за странски студенти, кои што се запишани во Љубљана (две групи) и во Марибор (една група) во академската година 2019/2020. Истите ги организира компанијата 2ТМ, а акредитирани се од Министерството за образование, наука и спорт.

Photo: © 2TM d.o.o.

Курсевите се одржуваат со помош на искусен наставник кому словенечкиот му е мајчин јазик, студентите ќе научат да читаат, пишуваат, правилно да зборуваат и да го разбираат јазикот (на ниво А1-А2), исто така ќе учат за словенечката култура и традиција.

Photo: © 2TM d.o.o.

Тоа ќе им го поедностави студирањето и животот во Република Словенија.