Успешно е завршена „Неделата на програмирање – 2019“

На факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор успешно е завршена „Неделата на програмирање – 2019“ која што се одржа во месец октомври. Во рамките на истата вработените од Институтот за компјутерски науки на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика беа одржани семинари на следните теми: „Мојата прва невронска мрежа“, „Првите креативни чекори во областа на компјутерските науки“, „Програмирање на слики со помош на Blockly“, „Создавање на првата тродимензионална компјутерска игра“, „Игри за Android“, „Програмирање за гимназијалци во Python“, „Основи на програмирање на игри во Unity“, „Создавање на елементарна игра“. Во текот на двете недели беа одржани 17 настани по целата Источна Република Словенија – од Равен на Корошка до Ормож.

Одржаните семинари беа насочени кон развој на компјутерското описменување на младината. Како што потенцираа организаторите, компјутерските системи се присутни во сите професии, прашањето е колку ефикасно можеме да ја искористиме наведената средина.

Да додадеме дека „Неделата на програмирање – 2019“ е традиционален настан кој што се одржува секоја година. Така што, сите тие, кои што од различни причини не успеале да присуствуваат на настанот оваа година, ќе можат да го надополнат пропуштеното во 2020 година, пишува на веб страната на факултетот.

Извори: um.si, feri.um.si