Актуелни отворени работни места во словенечките компании

Помеѓу избраните нови работодавачи во Република Словенија се најдоа следните: Goričane, tovarna papirja v Medvodah, d.d., Kavarna Studenec d.o.o., Krka d.d., Livar d.d., Quadro d.o.o., Vcag d.o.o. (Volvo), Vivovita, d.o.o.

Електричар (м/ж)

Работодавач: Goričane, tovarna papirja v Medvodah, d.d.

Потребни вештини:

  1. средно стручно образование („Електрика“),
  2. познавање на структурата и функционирањето на машините и апаратите, електрични елементи и процедури за замена, а исто така познавање на процесот на производство,
  3. разбирање на техничка документација,
  4. способност за работа на висина,
  5. познавање на системот за управување,
  6. специјални познавања во определени области (хидраулика, пневматика…),
  7. точност, организираност, сериозност, способност за тимска работа,
  8. снаодливост во решавањето на техничките проблеми.

Договор за работа на шест месеци со можност за склучување на договор на неопределно време.

Место на работа: село Медводе.

Овој оглас за работа е отворен до 08-ми март 2020 година.

Продавач на автомобили и транспортни средства (м/ж)

Работодавач: Vcag d.o.o. (Volvo)

Потребни вештини:

  1. минимум средно стручно образование,
  2. спретност,
  3. комуникативност,
  4. вештини за продажба,
  5. желба за тимска работа и работа со клиенти,
  6. стремеж за нови знаења,
  7. возача дозвола и В категорија,
  8. владеење на словенечки и англиски јазик.

Договор за работа на неопределено време со шест месечен пробен период. Перспектива за личен и професионален развој во меѓународни компании.

Место на работа: Марибор.

Овој оглас за работа е отворен до 28-ми февруари 2020 година.

Специалист за дигитален маркетинг (м/ж)

Работодавач: Vivovita, d.o.o.

Потребни вештини:

  1. средно, средно стручно или високо образование,
  2. познавање на работа со Facebook Ads Manager, Google Adwords Manager,
  3. познавање на работа со маркетиншките алатки Google Analytics,
  4. основно познавање на алатките за графички дизајн Photoshop, Gimp,
  5. основно познавање на алатките за форматирање на видео,
  6. работно искуство во социјалните мрежи (Facebook, Instagram) и на веб страните.

Исто така се покануваат кандидати, коишто не владеат со сите вештини, но се стремат да научат со помош на наставник.   

Полно работно време. Договор за работа на неопределено време со пробен период.

Место на работа: Љубљана.

Овој оглас за работа е отворен до 25-ти февруари 2020 година.

Логистика (м/ж)

Работодавач: Livar d.d.

Потребни вештини:

  1. минимум средно стручно образование,
  2. пожелно е кандидатот да има положен испит за возење на виљушкар,
  3. одговорен однос кон работата.

Работа во една смена. Договор за работа на шест месеци со можност за долгорочна соработка. Перспектива за личен и професионален развој.

Место на работа: Иваночна Горица.

Овој оглас за работа е отворен до 24-ти февруари 2020 година.

Масер (м/ж)

Работодавач: Krka d.d.

Потребни вештини:

  1. средно или средно стручно образование,
  2. сертификат за професионална квалификација за масер,
  3. работно искуство со примена на различни типови и техники на масажа,
  4. познавање на еднен странски јазик.

Договор за работа на определено време со можност за потпишување на договор за работа на неопределено време.

Место на работа: Долењски Топлици. Пријавите со резимето и документите се доставуваат до 23-ти февруари 2020 година на следната електронска адреса: zaposlitev.tk@terme-krka.si.

За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: (07) 331 91 70.

Работно место во услужната дејност (м/ж)

Работодавач: Kavarna Studenec d.o.o.

Потребни вештини:

  1. работно искуство – пожелно, но не задолжително,
  2. желба за работа со луѓе,
  3. комуникативност,
  4. љубезност.

Вработување на полно или скратено работно време – по договор.

Место на работа: Љубљана, регион Иг.

Овој оглас за работа е отворен до 26-ти февруари 2020 година.

За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: 041 326 789 (Јанез).

Готвач (м/ж)

Работодавач: Quadro d.o.o.

Потребни вештини:

  1. средно стручно образование,
  2. работно искуство од една до три години,
  3. самосвесност и самостојност,
  4. способност за тимска работа;
  5. возачка дозвла и В категодија.

Вработување на полно работно време. Вработување на определено време. Можност за потпишување на договор за работа на неопределено време. Перспектива за кариерен развој. Пробен период од еден месец.

Место на работа: Марибор.

Овој оглас за работа е отворен до 26-ти февруари 2020 година.

Извор: optius.com