За Чешката Република

Чешката Република или Česká republika, исто така викана со нејзиното скратено име Чешка нема излез на море и се наоѓа во Централна Европа, граничи со Германија, Австрија, Полска и Словачка.
Чешката Република е ридска земја која опфаќа површина од 78,866 квадратни километри (30,450 квадратни миљи) со претежно континентална океанска клима, со топли лета и ладни облачни и снежни зими.
Чешка е унитарна парламентарна Република. Рангирана е како една од најбезбедните или најмирни земји во последните декади. Член е на Обединетите нации, на Европската Унија, НАТО, ОЕЦД, Советот на Европа, и е посматрач во Организацијата на Американски Републики.

За Чешката Република

Чешката Република или Česká republika, исто така викана со нејзиното скратено име Чешка нема излез на море и се наоѓа во Централна Европа, граничи со Германија, Австрија, Полска и Словачка.
Чешката Република е ридска земја која опфаќа површина од 78,866 квадратни километри (30,450 квадратни миљи) со претежно континентална океанска клима, со топли лета и ладни облачни и снежни зими.
Чешка е унитарна парламентарна Република. Рангирана е како една од најбезбедните или најмирни земји во последните декади. Член е на Обединетите нации, на Европската Унија, НАТО, ОЕЦД, Советот на Европа, и е посматрач во Организацијата на Американски Републики.

Кратка историја

Војводството Бохемија под Големата Моравија во 1002 година било официјално признаено како империјална територија на Светата Римска Империја и постанало Кралство Бохемија во 1198 година. По битката на Мохац во 1526 година, целата монархија Бохемија потпаднала под Хабсбуршката Монархија. Протестантскиот Бохемиски револт довел до триесет годишна војна. По битката на Белата планина Хбасбурговците го консолидирале своето владеење. Со одлука на Светата Империја во 1806 година, Имериската земја станува дел од Австриската Империја.
Во деветнаесетиот век, Чешката земја станала поидустријализирана и станала дел од првата Чехословачка Република по распадот на Австро-Унгарија по првата светска војна. По Минхенската спогодба во 1938 година, Нацистичка Германија систематски преземала контрола над Чешките територии. Чехословачка била обновена во 1945 година и опстоила до 1993 година, кога се распаднала и се создале двете независни драви Чешката Република и Словачка.

Економијата на Чешката Република

Чешката Република е развиена земја со напредна социјална пазарна економија и со високи приходи. Таа е социјална држава со европски социјален модел и универзален здравствен систем.
Чешката Република учествува на единствениот Европски пазар како членка на Европската Унија, но наместо еврото ја користи својата национална валута, чешката Круна.
Бруто домашниот производ по глава на жител изнесува 91 процент од просекот на Европската Унија. Почнувајќи од 2018 година бруто домашниот производ на земјата по глава на жител по паритет на куповна моќ изнесува 37,370 американски долари и 22,850 американски долари по номинална вредност. Според Allianz A.G., во 2018 земјата била MWC-mean wealth country (средно богата земја), рангирајќи ја на 26-то место по нето финансиски средства. Чешката Република е рангирана на 13-то место од с трана на Обединетите Нации за нееднаквост-прилагоден човечки развој и на 14-ти место на индекстот за човечки капител на Светската Банка. Чешката Република беше опишана од страна на The Guardian како една он најблескавите економии на Евроската Унија.

На индустрискиот сектор отпаѓа 37.5 проценти од економијата, додека на услугите отпаѓа 60 проценти, а земјоделието учествува со 2.5 проценти. Најголемите трговски партнери за увоз и извоз е Германија и Евроспаката Унија генерално. Чешката Република е член на Шенген зоната уште од 01-ви мај 2004 година, откако ги укина граничните контроли, во целост ги отвори границите со соседите на 21-ви декември 2007 година.

Чешкиот универзален здравствен систем е сличен по квалитетот со другите развиени земји и е базиран на модел на задолжително осигурување, со бесплатни услуги финансирани од задолжителните осигурителни политки во вработувањето.

Чешката Република е безбедна земја

Чешката Република е многу безбедна земја за патување, нивото на криминал е многу ниско, дири ни џепните кражби не се толку чести. Рангирана е како седма најбезбедна земја и 32 во демократско раководење.

Високото образование во Чешката Република

Денес има 26 јавни Универзтиети, десет приватни универзитети, два државни универзтиети и колеџи и шест профитни приватни универзтиети во Чешката Република.
Универзитетот Чарлс од Прага е најстариот универзитет во Централна Европа, а основан е во 1348 година. Исто така е најстариот универзситет во Европа, којшто сеуште врши едукација.

Успехот во студирањето ва Чешката Република се оценува според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). Ова многу го олеснува трансферот на оцени и/или дипломи во и од Чешката Република. Академската година во пракса се одвива од септември до јуни и е поделена на два семестри.

Чешките универзитети нудат многу воннаставни активности како на пример: фудбал, трчање, џогирање, одбојка, возење велосипеди, пливање, а за време на зимата лизгање на мраз по реките и хокеј на езерцата, пеење во хорови што ги збогатуваат јазичните вештини, волонтирање – студентите можат да им се приклучат на групи, коишто работат над интеграцијата на мигрантите и заштита на културното богатство.

Работа во Чешката Република

Според законикот за работни односи на Чешката Република, доселеникот треба да се стекне со работна дозвола за да може да почне да работи во земјата. Има и исклучоци, работна дозвола не се бара во следните случаи:

  • За граѓаните на земјите членки на Европската Унија, Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд или членови на семејството државјани на овие земји;
  • За странски државјани, коишто имаат дозвола за постојан престој во Чешката Република;
  • За странските државјани, коишто престојуваат во Чешката Република врз основа на дозвола за продолжен престој;
  • За студенти запишани на редовни студии;
  • За индивидуалци, коишто имаат завршено виша школа или универзитетски студии во Чешката Република.

Како и да е ова не важи за тие, коишто сакаат да работат во Чешката Република, а не се државјани на Европската Унија или се дел од некоја друга група којашто е изземена. Во тој случај барателот на работа треба да има работна дозвола („povolení k zaměstnání“) или дозвола за продолжен престој („povolení k dlouhodobému pobytu“) заедно со визата издадена за работни цели.

Какви се чесите?

Чесите генерално се сметаат за срдечни, пријателски расположени, весели и пред се многу гостопримливи луѓе. Сите чеси многу ја сакаат музиката, тоа исто така е рефлектирано во нивната изрека „A co Čech to muzikant“ (Ако си чех тогаш си музикант). Многу тешко дека некогаш ќе успеете да најдете чех, којшто не сака да пее.

Од друга страна, чесите се реалистични, имаат работлив карактер, технички вештини, организаторски способности, прецизни се и секогаш се точни. Чесите се многу индивидуалистички настроени. Тие веруваат во либерализмот, го поддржуваат и се подготвени да се борат за него, но под свои услови.

Поголемиот дел од чесите интуитивно го почитуваат образованието, а чешките наставници се високо ценети. Фактот дека универзитетските професори се назначени од страна на претседателот на Чешката Република е уште еден показател за важноста и за перцепцијата што ја има чешкиот народ кон образованието. Знак за образовано домаќинство било приватна библиотека, за која побогатите семејства резервирале посебна просторија во нивниот дом.

Чешката кујна

Чешката Република има многу традиционална кујна со месо и компири со тешки јадења базирани на коренест зеленчук. Зимата можеи е најдобриот период за да се испроба чешката храна, кадешто супите заземаат централно место.
„Svíčková na smetant“ е традиционален деликатес со месо што обично се подготвува за специјални прогоди. Ова класично Чешко јадење е направено од коцки квалитетно телешко филе полека печено и послужено со пире од зеленчук.

Други популарни традиционални јадења се:

  • Печено свињско месо (Vepřo knedlo zelo)
  • Шницла (Řízek)
  • Печено мелено месо (Sekaná pečeně)
  • Супа од лук (Česnečka)
  • Димено месо (Uzené)

Чешката култура и спорт

Чешката нација поседуваат карактеристична култура. Територијата на Чешката Република традиционално се наоѓа помеѓу Германските и Словенските територии и чешката култура е мешавина од двете. Далечните влијанија исто така се доста силни. Визуелно највпечатливи се италијанските влијанија во барокната и ренесансната архитектура, додека литературата, музиката, визуелните уметности, и популарната култура исто така се подложени на најразлични надворешни влијанија.

Спортот игра важна улога во животите на многу чеси, коишто генерално се верни поддржувачи на своите омилени тимови или идивидуални спортисти. Најпопуларните спортови во Чешката Република се фудбалот и хокејот на мраз, и двата привлекуваат огромно внимание од страна на медиумите и поддржувачите. Спортот е извор на силни бранови на патриотизам.

Чешките планини/природа

Чешката Република е рангирана на 27-то место на еколошки најсвесни земји во светот во Environmental Performance Index.
Од долините на северот, со прекрасните градови како Прага, до јужните планини преполни со лозовите насади на Моравија, Чешката Република има многу што да им понуди на туристите.
Географијата на земјата е поделена на три поголеми региони: Бохемија, Моравија и Селисија со четири национални паркови (Националниот парк Šumava, Националниот парк Krkonoše, Националниот парк České Švýcarsko, Националниот парк Podyjí) и 25 заштитени природни области.

По што е позната Чешката Република?

Прага е петтиот најпосетен град во Европа по Лондон, Парис, Истанбул и Рим.
Архитектурното богатство е предмет на интерес кај посетителите – има повеќе од 1.200 замоци и дворци. Дотолку повеќе што замокот во Прага е најголемиот замок во светот со површина од 70.000 метри квадратни.
Чешката Република може да се пофали со 14 места од културно значење заштитени од страна на UNESCO. Сите тие се во категоријата култура. Од 2018 година уште 18 места се наоѓаат на лситата за чекање.

Земјата им е многу добро позната не љубителите на пиво, со историја на производство на пиво уште од времето на Břevnov манастирот од 993 година. Чешката Република организира сопствен „Octoberfest”, попознат како „Beer Days”- фестивал на пиво, кадешто учествуваат 6,000 пабови и ресторани од целата Чешка Република.

Без разлика дали станува збор за нејзините светски познати политичари, одлични спортисти, лауреати на Нобелова награда, или светски познати писатели и музичари, Чешката Република дава многу познати личности (статија за познати личности од Чешката Република), коишто имаат значителен придонес на најразлични полиња.

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х