Природни богатства на Унгарија
За земја со помалку од 100.000 км2, Унгарија има голема разноликост. „Планините“ на Унгарија се всушност ридови, кои ретко надминуваат надморска височина од 1.000 метри. Унгарија е дом на повеќе од две илјади цветни видови растенија, од кои многите вообичаено не се наоѓаат на оваа географска ширина. Тука има многу вообичаени европски животни (елен, див зајак, свиња, видра), како и некои ретки видови (дива мачка, езерск слепи миш, панонски гуштер). Унгарија е рај за набљдувачите на птици, бидејќи три четвртини од 450 ‘рбетници во земјата се птици, кои често живеат покрај реките, езерата и мочуриштата. Заедно со најголемото слатководно езеро Балатон, Унгарија е дом на второто по големина термално езеро во светот (езерото Хевиз) и најголемото природно тревопасиште во Европа (Хортобаги). Вкупно, има 10 национални паркови, 145 помали природни резервати и 35 области за заштита на пределот.