Academia Maribor е партнер во проектот Erasmus+ „Користење на модулни иновации во градежништвото – модернизација на образованието“

На Колеџот Глазго (City of Glasgow College, Шкотска) се оджа првата средба на учестниците во проектот Erasmus+ за подготовка на нови студиски материјали од областа на алтернативните методи на градежништво. Овој проект е насочен кон модернизација на дополнителното професионално образование и обуката (AVET) надвор од градилиштето и модуларно (OSM) градежништво. Со таа цел во рамките на проектот се разработува иновациски модел на обука и систем на компетенции за размена на напредно искуство и приоди, достигнувања на заедничките показатели во бенчмаркингот и стандардизација на подготовките на професорите. Посебно внимание ќе биде посветено на дигитализацијата на основните процеси, а исто така и на клучните агенди, вклучувајќи отстранување на јаглерод, зголемување на ефикасноста во користењето на енергијата и ресурсите, безбедноста на работното место и диверзификацијата на работната сила.

Инвестирањето во транснационалната мрежа на специјалисти во оваа област дава можност за забрзување на европското заедничко реагирање на потребите на градежната гранка во образованието и работните навики. Определени се следните цели на проектот: 1) разработка на иновациски модел за обука и компетенции врз основа претходен преглед на пределот на Европската унија при модуларно градежништво; 2) привлекување на околу 2.000 студенти; 3)обезбедување на отворени образовни онлајн ресурси (заеднички разработени од страна на партнерите) за поддршка на специјалисти од AVET, вклучувајќи заеднички предавачи и вебинари, достапни на јазиците на земјите учеснички; 4) зголемување на информираноста за навлегувањето на практиката за модулно градежништво, особено помеѓу МСП и микропретпријатијата.

Проектот се реализира до февруари 2022 година, неговиот буџет изнесува 312 936 евра. Партнери на проектот се Колевот Глазго (Велика Британија); Колеџот за стручно образование Academia Maribor (Република Словенија); CPU Центарот за бизнис образование (Република Словенија); Landesberufsschule Pinkafeld (Австрија); Европскиот институт за иновациски технологии (Германија); Holzbau Baden-Württemberg Bildungszentrum (Германија); CIFP Construccion Bizkaia (Шпанија); Шкотскиот градежен иновациски центар (Велика Британија).

Извор: academia.si