Academia Maribor организира бесплатен курс за фотодизајн за учениците од средните насочени училишта и за студенти

Колеџот за професионално образование Academia Maribor организира бесплатен курс за дизајн на фотографии во Photoshop за учениците од средните насочени училишта и за студенти.

Регистрацијата се врши до 27-ми јануари 2020 година. Работен јазик: англиски. Формат: 6 часови со траење од по три часа секој. Датуми на одржување на часовите: 28-ми, 30-ти јануари, 04-ти, 06-ти, 11-ти и 13-ти февруари 2020 година, 13:00-16:00 часот.

Програма:

1-ва сесија – 28-ми јануари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Вовед во програмската поддршка: работен простор, слоеви, основни поставки; работен простор; слоеви; групи; непрозрачност/залевање; маски.

2-ра сесија – 30-ти јануари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Методи на избор: инструмент Pen; инструмент Lasso; брз избор/волшебна палка; правење рамки; канали.

3-та сесија – 04-ти февруари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Плагин Adobe Camera Raw.

4-та сесија – 06-ти февруари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Инструменти; коригирање; коригирање боја; различни методи на зголемување на острината на сликата; различни инструменти за отстранување објекти од фотографијата; режим на мешање.

5-та сесија – 11-ти февруари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Ретуширање/исправање; инструмент „Печат“; четка за коригирање; инструмент Patch; исполнување, земајќи ја предвид содржината; Dodge and burn; филтри за чистење.

6-та сесија – 13-ти февруари 2020 година 13:00-16:00 часот.

Филтри; напредни маски; смарт-објекти; напредни слоеви.

Извор: academia.si