Агенцијата 2ТМ одржа презентација во училиштето за странски јазици «Инфинитив»

6 март 2019 година во просториите на белградското училиште за странски јазици «Инфинитив» («Studio za učenje stranih jezika Infinitiv»), каде се одржуваат курсеви по словенечки јазик, претставниците 2ТМ одржаа презентација на работата на компанијата за српските матуранти.

Photo: © 2TM d.o.o.

Настанот предизвика голем интерес кај присутните. Помеѓу другото учесниците на настанот се интересираа за тоа: како се одвива образовниот процес во Словенија, какви предности имаат студентите од словенечките високообразовни установи, кој степен на знаење на словенечкиот јазик се бара за запишување во образовните установи, кои се роковите за поднесување на документи и како се одвива соработката со нашата компанија. Што се однесува до прашањата за образовните програми, тогаш гостите на презентацијата најголем интерес пројавија за: психологија, педагогија, биологија, логистика, медицина и економија. Да напоменеме дека во согласност со билатералните договори, образованието во високообразовните установи и колеџи во Словенија како за студирање, така и за магистарски студии е бесплатно за странските студенти од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Покрај тоа во случај на добар успех студентот може да претендира на стипендија или добивање на студентски грант и да учествува во програмите на меународниот размена на студенти Erasmus+ и да го продолжи образованието во некоја друга земја од Европската Унија.

Photo: © 2TM d.o.o.

Како што истакнаа нашите менаџери во текот на презентацијата, посетителите се стекнаа со многу интересни информации. Се надеваме дека тие информации ќе им помогнат на матурантите во донесувањето на конечното решение за студирање во Словенија!