Активните студенти-спортисти од 01-ви февруари 2020 година ќе можат да патуваат бесплатно по цела Република Словенија

Согласно новата измена на законот, утврден од парламентот на Република Словенија, од 01-ви февруари 2020 година активните студенти-спортисти ќе се стекнат со право на бесплатен превоз на транспортните средства, коишто сообраќаат на приградски и регионални линии. За транспортот внатре во градот бесплатниот превоз за спортистите за сега нема да важи.

Право на добивање на бесплатен билет за превоз имаат сите студенти-спортисти, коишто се регистрирани во базата ŠportSI360. Овој билет функционира на целата територија на Република Словенија, што е многу удобно за спортистите, коишто имаат тренинзи и учествуваат на натпревари во разни делови на Република Словенија.

Извор: student.si