Актуелни отворени работни места во словенечките компании

Помеѓу избраните нови работодавачи се најдоа следниве: Adriatikus d.o.o., Azul d.o.o., Comita d. d., Dega sistemi d.o.o., Inpro d.o.o. Novo mesto, Livar d. d., VI-JA d.o.o., Zlatarna Celje, PE Radisson Blu Plaza Hotel.

Раководител на оддел за продажба на козметика (м/ж)

Работодавач: Adriatikus d.o.o.

Потребни вештини:

  1. високо образование (магистер, доктор на науки),
  2. работно искуство до 1 година,
  3. добри раководни вештини и мотивација,
  4. лидерски дух,
  5. прецизност и одговорност во работата,
  6. самоиницијативност,
  7. позитивен однос и желба за работа со луѓе,
  8. внимателност и спретност,
  9. амбициозност и енергичност,
  10. сопствено превозно средство и возачка дозвола со В категорија.

Времено вработување. Пробен период од еден месец.

Место на работа: на терен низ Република Словенија.

Овој оглас за работа е отворен до 03-ти ноември 2019 година. Пријавите треба да се достават на следната електронска адреса: tajnistvo@adriatikus.eu.

За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: 040 662 773 (Клаудија).

Конструктор-девелопер на машини и апарати (м/ж)

Работодавач: VI-JA d.o.o.

Потребни вештини:

  1. Високо образование („Машинство“),
  2. 3 години работно искуство од областа на девелопмент на машини и апарати,
  3. добро познавање на англискиот и германскиот јазик,
  4. компјутерски вештини при користење на програмите 3-D-Solidworks или други тродимензионални програми,
  5. иновативност,
  6. самоиницијативност,
  7. прецизност.

Вработување на неопределено време. Пробен период од три месеци.

Место на работа: Жалце.

Овој оглас за работа е отворен до 17-ти ноември 2019 година.

Специјалист за обезбедување на квалитет во проектите (м/ж)

Работодавач: Comita d. d.

Потребни вештини:

  1. високо образование (магистер, доктор на науки),
  2. искуство во имплементирање на системите за управување со стандардите: ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001,
  3. возачка дозволеа со В категорија,
  4. познавање на англиски јазик, пожелно познавање на руски и српски јазик,
  5. подготвеност за службени патувања низ Европа, Русија, Турција и Србија.

Динамична работа на меѓународни проекти. Можност за дополнителни обуки. Перспективи за личнен и професионален развој.

Место на работа: Крањ.

Овој оглас за работа е отворен до 15-ти ноември 2019 година.

Логистика (м/ж)

Работодавач: Livar d. d.

Потребни вештини:

  1. минимум средно стручно образование,
  2. положен испит за возач на вилушкар (пожелно),
  3. одговорен однос кон работата.

Работа во една смена. Времено вработување. Пробен период од шест месеци. Перспектива за личен и професионален развој.

Место на работа село: Иванчна Горица.

Овој оглас за работа е отворен до 07-ми ноември 2019 година.

Хотелски администратор (м/ж)

Работодавач: Azul d.o.o.

Потребни вештини:

  1. работно искуство од една до три години,
  2. минимум средно стручно образование,
  3. одлично владеење на англискиот јазик (усно и писмено), познавањето на други странски јазици се смета за предност,
  4. подготвеност за работа во смени,
  5. познавање од компјутери,
  6. лични квалитети: комуникативност, љубезност, учтивост, прецизност, спретност, одговорност, самостојност, самоиницијативност.

Времено вработување. Пробен период од три месеци.

Место на работа: Крањ.

Овој оглас за работа е отворен до 08-ми ноември 2019 година. Пријавите се доставуваат на следната електронска адреса: kadri@le-tehnika.si.

Сметководител (м/ж)

Работодавач: Dega sistemi d.o.o.

Потребни вештини:

  1. минимум средно стручно образование („Економија“),
  2. одлично познавање на програмите MS Office (познавање на работа во Excel) или програмите MINIMAX (незадолжителни услови),
  3. познавање на Република Словенија,
  4. минимум три години работно искуство на ваква работна позиција,
  5. желба за учење, прецизност и желба за работа со податоци.

Вработување на неопределено бреме. Пробен период од три месеци.

Место на работа: Марибор.

Овој оглас за работа е отворен до 08-ми ноември 2019 година.

Помошник келнер (м/ж)

Работодавач: Zlatarna Celje, PE Radisson Blu Plaza Hotel

Потребни вештини:

  1. работно искуство не е потребно,
  2. средно стручно образование,
  3. способност за пресметка на суми, проценти, удел, данок,
  4. основно познавање на словенечкиот и англискиот јазик.

Времено вработување со можност за склучување на договор на неопределено време. Полно работно време.

Место на работа: Љубљана.

Овој оглас за работа е отворен до 07-ми ноември 2019 година.

Торговски представник (м/ж)

Работодавач: Inpro d.o.o. Novo mesto

Потребни вештини:

  1. високо образование од областа на трговијата (пожелно),
  2. минимум две години работно искуство од областа на продажбата,
  3. организаторски способности, сериозност и одговорност, убедувачка моќ, способност за водење преговори,
  4. способност за тимска работа,
  5. добро познавање на информациските и комуникациските технологии,
  6. одлично познавање на англискиот јазик,
  7. подготовеност за работа на терен,
  8. возачка дозвола со В категорија.

Можност за дополнителни обуки и долгорочно вработување. Перспектива за кариерен напредок.

Место на работа: Ново Место.

Овој оглас за работа е отворен до 31-ви октомври 2019 година.

Пријавите заедно со биографијата и документите се доставуваат на следната електронска адреса: splosne.sluzbe@inpro.pro.

Извор: optius.com