Се покануваат студентите да земат учество на онлајн саемот за кариера

Од 22-ри до 26-ти јануари 2020 година веб страната Optius организира онлајн саем за кариера. Се покануваат да земат учество студентите, коишто планираат да се појават на пазарот за трудот и да ја најдат својата прва работа, а исто така да се стекнат со првото професионално искуство уште пред завршувањето на образвованието. Учеството на онлајн саемот е бесплатно, се, што ќе му треба на учесникот е лаптоп, таблет или мобилен телефон. Комуникацијата со менаџерите од човечки ресурси ќе се одвиваат анонимно. Прашањето за доставување на лични податоци ќе го решаваат самите студенти.

На онлајн саемот ќе бидат претставени многу отворени работни места од сите сфери. Списокот на работодавачите, коишто ќе земат учество во настанот ќе биде познат однапред, затоа студентите ќе можат однапред да ја изберат компанијата за којашто се заинтересирани и темелно да се подготват за интервју со работодавачот.

Регистрацијата е отворена до 21-ви јануари 2020 година. На наведениот линк може да се направи свој профил и да се прикачи своја биографија.

Партнери на онлајн саемот за кариера се Асоцијацијата за работодавачи на Република Словенија, Delo, Службата за вработување, Стопанската комора, здружението Manager, Центарот за напредно деловно искуство на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана, Rock radio, Best Ljubljana, Здружението на словенци со образование стекнато во странство, Американско-словенечкиот образовен фонд ASEF, државниот оддел за врски со дијаспората, Advantage Austria, веб страната student.si.

Извори: student.si, optius.com