Alma Mater Europaea ја презентираше својата дејност на делегацијата од норвешкиот универзитет Kristiania

Alma Mater Europaea активно ги зацврстува меѓународните односи со европските образовни установи. По тој повод во четвртокот, на 24-ти октомври 2019 година, Марибор ја посети делегацијата од норвешкиот универзитет Kristiania (Høyskolen Kristiania) во состав од 24 лица.

На гостите од Норвешка им беше претставено работењето на Alma Mater Europaea, студиските програми, им ги покажаа просториите на образовната установа и одржаа неформално дружење во предградието на Марибор.

Извор: sl-si.facebook.com