Alma Mater Europaea ќе подготвува архивисти за институциите на Европската унија

Alma Mater Europaea заедно со Меѓународниот институт за архивистички науки Марибор/Трст, EURBICA – Европското здружение на архивисти и Историскиот архив на Европската унија на 29-от Меѓународен ден на архивисти, кој што се одржа на крајот од месец октомври 2019 година во Копар, потпишаа меморандум, кој што се однесува на стручната подготовка на архивистите за институциите во Европската унија.

„Меморандумот е почеток на соработката помеѓу наведените институции и задолжение за Alma Mater Europaea да подготвува специјалисти од областа на архивското работење  за сите европски специјализирани структури“, забележа професор доктор Петер Павел Класинц, шеф на катедрата за архивско работење и документација на Alma Mater Europaea и директор на Меѓународниот институт за архивни науки Марибор/Трст.

Извор: almamater.si