Амбасадорката на Австрија во Република Словенија го посети универзитетот во Нова Горица

Во понеделникот на 1 април 2019 година, во текот на посетата во општината Нова Горица, амбасадорката на Австрија во Република Словенија магистр Сигрид Берка го посети универзитетот во Нова Горица. Покрај амбасадорот, во делегацијата учествуваше и директорот на Австријскиот културен форум од Љубљана, Андреас Павличек. Во просториите на универзитетот во Нова Горица во куќата на Лантиери во Випава со гостите се сретна ректорот на универзитетот од Нова Горица професор доктор Данило Завртаник и проректорот за наука и уметност, професор доктор Гвидо Братина.

После воведната презентација на универзитетот, на високите гости им беа претставени проектите, кои што универзитетот ги реализира во соработка со австриските установи во областа на природните науки, хуманитарните науки и уметноста. Беше ставен посебен акцент на проектот RETINA, кои што се реализира и финансира во рамките на програмата Interreg Slovenija-Avstrija. Водечки партнер во наведениот проект е универзитетот од Нова Горица.

Во рамките на посетата гостите исто така ја посетија Вишата школа за лозарство и вински производи при универзитетот во Нова Горица и Центарот за истражување на винто. Во завршниот дел на посетата присутните изразија голема заинтересираност за активирање на соработката помеѓу засегнатите страни во областа на педагошката и научно-истражувачката дејност.

Извор: ung.si