Амбасадорот на Јапонија го посети Универзитетот во Нова Горица

Во понеделникот, на 17 декември 2018 година, амбасадорот на Јапонија во Словенија, неговата екселенција Масахару Јошида, го посети Универзитетот во Нова Горица. Амбасадорот го придружуваше и раководителот на Одделот за економско-политички прашања – Јошиаки Макино.

Гостите беа пречекани во просторот на Универзитетот во Нова Горица, во дворецот Лантиери, од страна на ректорот на Универзитетот во Нова Горица проф. д-р Данило Завртаник, проректорот за истражувања и уметност проф. д-р Гвидо Братина, деканот на Факултетот за природни науки и раководителот на Центарот за истражувања на атмосферата – проф. д-р Само Станич.

По воведното претставување на педагошката и истражувачката дејност на Универзитетот во Нова Горица, на амбасадорот му беше претставена соработката меѓу Универзитетот и јапонските академски и истражувачки институции. Истовремено, се разговараше и за можностите за натамошна соработка, за пренесувањето знаење од академската средина во пракса.

Амбасадорот на крајот го разгледа Центарот за истражување на виното, кој има свој простор во дворецот Лантиери, а ги посети и Центарот за истражување на атмосферата, Лабораторијата за физика на органски супстанции, Лабораторијата за истражување на материјали и Лабораторијата за квантна оптика, кои се наоѓаат во просторот на Универзитетот, во Ајдовшчина.

Интернет-врски: ung.si, facebook.com