Асистентката од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор го посети IUT Perigueux, Универзитетот во Бордо

Асистентката од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор Вита Петек во рамките на програмата за размена Erasmus го посети IUT Perigueux, Универзитетот во Бордо, Франција.

Во текот на својата посета таа одржа предавање за Република Словенија, нејзиниот туризам, транспорт, економија, еколошките чисти и одржливи производи. На настанот Mini Planet, организиран од образованата установа во рамките на Меѓународната недела, Вита Петек го претстави факултетот за туризам и универзитетот од Марибор, раскажа за можностите за обука по програмата Erasmus и ги покани студентите од универзитетот од Бордо да дојдат на обука преку програмата за рамена.

Извор: facebook.com