Банката на Република Словенија организира конкурс за најдобра магистерска работа и докторска дисертација

Банката на Република Словенија означи старт на конкурсот кој што се одржува секоја година за избор на најдобри магистерски работи и докторски дисертации од областа на економијата, банкарското работење, осигурувањето, финансиите и финансиското право.

Конкурсот се одржува од 1992 година. За изминатиот период Банката на Република Словенија има наградено скоро 300 лица.

На учество на овој конкурс се примаат дисертации или магистерски работи кои што се заштитени во 2018/2019 студиска година – од 1-ви јули 2018 година до 1-ви јули 2019 година. Пријавите за учество (во формат pdf) со пополнета пријава и препорака од менторот се доставуваат до 16-ти август 2019 година на следната и-мејл адреса: krd@bsi.si.

Седумте најдобри ќе бидат наградени со премија од 500 евра нето. Изборот ќе го организира Комисија од советот на банката на Република Словенија за научно-истражувачка работа.

Информации на следниот телефонски број: 01 47 19 680 (секој ден од 09:00 до 12:00 часот).

Формулар за пријавување

Извори: efnet.si, bsi.si