Be покануваме на предавање на доктор Алексеј Шахворстов – проектант на највисокиот облакодер во Европа

Во четврток, 14 февруари 2019 година, во 16 : 00 во вишата школа за градежен инженеринг Крањ (Крањ, Горњевска улица, 9) ќе се одржи предавање на доктор Алексеј Шахворстов на тема: “Градежни конструкции на уникатните згради и градби во Русија и Слобенија”.

Алексеј Шахворостов е поранешен професор на Московскиот државен градежен универзитет (катедра за хидротехнички градби и конструкции), автор на многубројни проекти на градежни конструкции на уникатни објекти – фудбалскиот стадион во Самара (за светското првенство во фудбал) и на Крестовскиот остров во Санкт Петербург, највисокиот облакодер во Европа – “Лахта центар” во Санкт Петербург (висина 462 метри), олимписката траса за натпревари по скелетон и боб-санкање во Сочи, облакодерот “ Гаспром центар ” во Минск.

Алексеј Шахворостов – основач и партнер во компанијата “Инфопроект” во Москва, директор и главен инженер на истоимената компанија во Љубљана.

Извор: vsgi.si