Бевме на „Саем за образование и наставни средства“ во Белград

Веќе трета година по ред тимот од компанијата 2ТМ учествува на „Саемот за образование и наставни средства“ кој што се одржа од 23-ти до 27-ми октомври 2019 година во Белград главниот град на Србија. Саемот се одржа под слоганот „Образована Србија, успешна Србија“ го промовира учењето како животен процес и ги повикува различните изложувачи, а со самото тоа и огромен број на посетители.

 

Photo: © 2TM d.o.o.

Саемот го посетија организирани групи на ученици од основните и средните училишта, студенти и родители на идните студенти, како и педагози и наставници од различни училишта. Посетителите се интересираа за можноста за запишување на додипломски, магистерски и докторски студии, како и различни програми, вклучувајќи ги и техничките програми, медицина, машинство, IT, лингвистика, психологија, социологија, дизајн, туризам, електротехника, општествени науки, екологија, биологија, економија, менаџмент, архитектура, хемија, физикална терапија, спорт.   

Посетителите беа позитивно изненадени од бесплатното студирање, условите и другите погодности кои што ги имаат студентите во Република Словенија. Најмногу се распрашуваа за студентските домови, трошоците за живот во Република Словенија и јазикот на кој што се одвиваат студиите.

Тимот од компанијата 2TM им се заблагодарува на сите, кои што го посетија нашиот штанд.