Значи вие сте студент во Словенија. Дали знаете, што треба да направите веќе во текот на првата седмица од студирањето? Избравме неколку корисни совети, кои вам ќе ви помогнат успешно да ја започнете студиската година.

Photo by Element5 Digital on Unsplash

1. Информирајте се за работното време на факултетот и студентските обврски

Прво информирајте се за работното време на студентските служби. Таму ќе решите разни прашања и ќе се стекнете со актуелни информации. Информирајте се за распореднот на часови, а исто така и за работното време на библиотеката, компјутерскиот кабинет, читалната, ако ги има на факултетот. Дознајте ги сите побарување кои се однесуваат на организацијата на самото студирање, помеѓу останатото  присуството на предавањата и полагањето испити.

2. Набавете ја потребната литература.

Во октомври на факултетите обично се одржува распродажба на половни книги за факултетите, и тука можете да најдете ефтини книги, учебници, работни тетратки. Информации за тоа кога и каде се одржуваат таквите распродажби на вашиот факултет, можете да најдете на огласните табли или веб страната на факултетот. Литературата можета да ја набавите и од продавниците на факултетот или да ја позајмите од библиотеката, а исто така и да копирате материјали во фотокопирницата.

3. Симнете си корисни апликации.

Сигурно ќе ви затребаат корисни мобилни апликации, на пример, за градски превоз во Љубљана (Trola, Ljubljana Bus, LPP vozni red), за превоз по градовите низ Словенија и други земји на Европската Унија (Prevoz.org, Grem z vlakom), за добивање на потврда за соработка (eVŠ), за информирање за датумите за испит и други важни настани (SolCalendar, Google Koledar, Student Agenda), за бележење информации (Ultimate Notepad, Evernote), за пребарување на ресторани во кои важат попустите за студетска прехрана (NaBon, ŠoupIT), за контрола на сопствените трошоци (Toshl Finance – budžeti, Student Budget Planner, Moj Budget), за учество во вон наставни активности (OdpiralniČasi, Napovednik), и така натаму.

4. Запознајте ги студентите од вашата генерација, но и повозрасните студенти

Тоа ќе ви помогне побрзо да се адаптирате во новата средина, да ги дознаете сите студентски обврски и да добиете препораки поврзани со студентскиот живот. Задолжително разменете контакти со колегите од Словенија, за да имате на кого да му се обратите за совет во прво време.

5. Овозможете си право на исхрана со студентски попуст

Можете да користите систем за субвенционирање на исхрана (така наречени бонови) во сите ресторани вклучени во тој систем, од 08:00 до 20:00. За да се стекнете со право на студентска исхрана потребно е на веб страната studentska-prehrana.si да пополните формулар за регистрација. Со отпечатен примерок од пријавата и документот кој потврдува статус на студент, морате лично да се јавите на еден од пунктовите за субвенционирана студентска исхрана  (SŠP)  и да ја активирата својата пријава.

6. Редуцирајте ги трошоците за превоз.

За студентите во Словенија постои голем број на повластувања и попусти, вклучувајки ги и услугите од јавниот транспорт. За да ги минимизирате трошоците за јавниот превоз, користете студентска карта (претплата). Ако на факултет одите со кола, распрашајте се во деканатот, дали постои можност за поефтин паркинг на факултетот (студентите вообичаено имаат можност за попуст). Бидете внимателни и пракирајте се само таму каде што е дозволено, бидејки градската полиција им пишува казни и на студентите. Сепак, најефтин и најздрав превоз низ градот секако е сопствениот велосипед. Најдобро е да купите половен велосипед во добра состојба. Затоа следете ги огласите на интернет или на огласната табла во студентскиот дом. Покрај тоа, можете да изнајмите велосипед преку специјалниот градски сервис. На пример, Bicikelj во Љубљана, слични сервиси постојат и во сите поголеми градови во Словенија. Марибор, Копар, Цеље, Протожа, Крањ, Ново Место и така натаму.

7. Регистрирајте се на студентските сервиси и не заборавајте да ја продолжите регистрацијата

Тоа ќе ви помогне при потрагата по студентска работа. Покрај тоа на бруцошите ќе им биде полезно да се зачленат во различни студентски клубови, организации и друштва.

8. Користете ги предностите на статусот студент

На почетокот на годината распрашајте се каде и како преку статусот на студент можете да добиете поефтини карти и претплати за културни и спортски здруженија, разни курсеви, а исто така и попусти во продавниците, библиотеките и така натаму.

9. Погрижете се за студентското слободно време

Распрашајте се, дали на вашиот факултет постојат некакви кругови, театарски групи, хор, спортски тимови или вон наставни активности кои ги организира вашиот факултет. Тоа ќе ви помогне вам да се стекнете со нови пријатели, да се покажете како активен студент, а исто така и корисно да го поминете слободното време.

Немојте да заборавите на самодисциплината и бидете одговорни кон учењето

Редовното исполнувајте ги студентските обврски и навреме почнете да се подготвувате за испитите. Многу често новопечените студенти мислат дека сите потешкотии поминале после завршувањето на процезот на запишување и дека сега можат да се одморат и да се опуштат. Сепак, тоа е грешка, бидејки тешкотиите токму сега почнуваат. Но ако се однесувате одговорно кон својот нов статус и редовно ги исполнувате сите студентски обврски, и најтешките работи без сомненение ќе ви се видат како мачкина кашлица!

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х