Меѓународниот саем за образование „Моја кариера мој избор“ ќе се одржи на 19 и 20 април 2019г. во Домот на војската во Ниш, Србија. Саемот годинава ќе се одржи по 12 пат, а на него се претставуваат над 40 виши школи, државни и приватни факултети од Ниш, Србија и од странство, кои ја претставуваат понудата на најмодерните видови на образование.

Photo: Designed by © 2TM d.o.o.

За прв пат на овој саем, годинава ќе учествува и „2ТМ“, со цел да ја претстави својата работа, начинот на студирање во Словенија и предностите на стекнување на меѓународно признаена диплома со европски квалитет.

Преку учеството на овој саем „2ТМ“ ќе им се приближи и на сите заинтересирани идни студенти и нивните родители од јужниот дел на Србија, кои ќе имаат предност преку директна комуникација со претставниците на 2ТМ да дознаат корисни информации за бесплатните студии во Словенија.

На саемот „Моја кариера мој избор“ во Ниш, Србија ќе учествуваат и агенции за неформално образование и училишта, кои се занимаваат со едукација во области на странските јазици, компјутери, социјални вештини, маркетинг, ПР, менаџмент, сметководство и други области. Истовремено, ќе се одржуваат и бесплатни креативни работилници, тренинзи, округли маси на бројни теми, како и промоции на книги.

Организаторите на саемот од Ниш најавуваат дека излагачите и оваа година ќе им понудат на идните студенти квалитетни програми за високо образование како во Србија, така и во странство.  

„2ТМ“ ги кани сите заинтересирани средношколци во завршните години, нивните родители и апсолвентите на факултетите, да дојдат на нашиот штанд во Ниш, каде ќе добијат корисни информации за студиите во Словенија.

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х