Без разлика на тоа што мотивацијата има големо значење, тешко е да се стекнеме со неа. Ви ги предлагаме 15-те начини за самоорганизација, кои што ќе ви помогнат во студирањето и во животот во целина.

Photo: @freepik

1. Органирајте се

Составете дневен план за работа. Вклучите ги во него работите, кои што сакате да ги направите до крајот ма денот. Својот дневен распоред потрудете се да го пополните со не многу високи цели. Кога ќе ги постигнувате целите вие ќе се чувствувате  попродуктивни.

2. Одморете

Важно е да се спие навечер. Ако не успеете да се наспиете навечер или се чувствувате сонливи преку ден, направете кратка пауза и дремнете малку. Истражувањата покажуваат, дека 20 минути е идеално време за краток сон. Доколку дневниот сон трае подолго тогаш вие после тоа ќе се чувствувате по изморени, а  ако трае пократко вие нема да успеете да се одморите.

3. Зададете си цели

Кога вие си задавате цели, со кои што ќе постигнете нешто, ова ќе ви помогне да постигнете резултат. Целите ќе ве водат во посакуваната насока и ќе го одредите фокусот на активноста. Насочувањето е одличен начин да се мотивирате себе. 

4. Бодрете се

Кога ќе постигнете некоја цел, дозволете си нешто што сакате. Наградата може да биде сладолед, чоколадо, или нешто друго. Важно е тоа дека за завршената работа вие се наградувате.

5. Физичката активност е многу важна

Вежбите во времетраење од 15-30 минути ќе ви помогнат да ја подобрите циркулацијата и да ја вратите свежината. После фискултурните вежби вие ќе се чувствувате многу подобро  и заморот ќе исчезне.

6. Слушајте музика

Направете пазуза и слушајте музика, која што ќе ве исполни со позитивна енергија. Откако ќе ислушате неколку од омилените песни, вие ќе се чувствувате подобро. Секој треба да има список со омилени песни, кои што ќе си ги слуша за време на паузите од учењето.

7. Пробајте нешто ново

На некои луѓе учењето на исто место им помага да се сконцентрираат, но во исто време може и да стане и досадно. Пробајте да најдете ново место за учење како на пример: во библиотека, во кафуле, во природа. Можеби новото место вам ќе ви се допадне многу повеќе, отколку тоа кое што вие го преферирате, и ќе биде попродуктивно. 

8. Определете  си временски рамки

Временските рамки ќе ви помогнат правилно да го организирате своето време и поквалитетно да работите. Не заборавајте да се наградите за исполнувањето на зададената задача.

9. Бидете позитивни

Кога нешто не ви оди од рака, не се нервирајте и не ја губете самодовербата. Со добро расположение полесно се наоѓа мотивација. Докажано е дека ако вие сте среќни и расположени, тогаш и работите попродуктивно.

10. Комуницирајте со луге кои што имаат цел цел во животот

Позитивното влијание на врсниците им помога на студентите при исполнување на академските норми. Комуникацијата со мотивирани и позитивни луѓе може да ве инспирира и  мотивира и вас.

11. Напредувајте, не застанувајте

Работејќи на достигнување на поставената цел, важно е да видите доказ за вашиот напредок. Визуелно претставете си го вашиот напредок, за да видите, како се приближувате кон зададената цел.

12. Најдете пример кој што ќе ве води, кој што ќе ве инспирира

Секој човек ја добива инспирацијата на различен начин. Некои ја наоѓаат во успешните луѓе, други во трогателни приказни, трети во сопствениот живот. Важно е барем да се најде свој пример за поддршка, бидејќи така вие ја подобрите мотивацијата.

13. Размислувајте како да успеете, а не за проблемите

Ние често размислуваме за тоа колку е тешко да се постигне нешто. Самата помисла за потешкотиите при постигнување на целта ја усложнува работата. Наместо да размислувате за потешкотиите, сконцентрирајте се на резултатите, кои што ќе ги достигнете. За време на работата трудете се да ја сочувате самодовербата и доброто расположение, што ќе ви овозможи да се стекнете со  мотивација.

14. Негативните мисли заменете ги со позитивни

Важно е да умеете да ги контролирате своите мисли. Кога ќе ве надвладејат негативни мисли, треба да застанете. Негативните мисли го намалуваат нивото на мотивација, затоа многу е важно да се научите позитивно да размислувате. „Тоа е многу тешко“ заменете го со „Јас ќе успеам“.

15. Досадното направете го интересно

Сите се имаат судрено со предмет, кој што е толку досаден што процесот на учење станува неподносливо тежок. Кога ќе се судрите со ваков проблем зададете си прашање: „Дали овој предмет е навистина толку тежок, или само мене така ми се чини?“. Ние често даваме избрзани оцени, затоа можеме интересен предмет да го оцениме негативно. Приодот кон работата треба да биде избалансиран и потрудете се да најдете полезни нијанси во секој предмет.

Ви посакуваме успех!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х