Можностите за вработување се зголемуваат и важно е да се знае како максимално да се искористат, за да се најде работа, којашто ќе носи не само добра заработувачка, туку и задоволство. На патот кон ова вие треба да искористите широк спектар на знаења и вештини, коишто не секогаш ги има доволно, ако не знаете да ги продадете како што треба.

Photo: pixabay/FotografieLink

Важноста од воспоставување на врски

Познанството со потенциалните професори и деловни партнери ќе ви помогне во градењето на кариерата, на тој начин што ќе се стекнете со важна информација, професионални вештини и знаења, секогаш ќе бидете во тек со современите тенденции. Било кој совет или мислење од искусните луѓе може да и помогне на вашата кариера.

Успешната комуникација, безусловно, ќе ги зголеми вашите шанси да бидете иден вработен, со оглед на тоа што ќе имате можност сами да се претставите или со други зборови да се промовирате како сопствен бренд. Држете ги своите врати отворени за било каква можност, којашто може да се појави во иднина.

Сопствен поглед на огласите за отворени работни места и реалните очекувања од интервјуто за работа со работодавачите

Јасно и конкретно определете ги своите желби и адаптирајте ги кон тоа што вие можете да му понудите на работодавачот. На пример, „да се биде генерален директор на компанијата“ звучи многу добро, но за тоа потребно е многу време, зрелост и одговорност. Вие треба да си ги согледувате своите способности и таленти. Насочените знаења се многу барани, затоа постојано повишувајте ги квалификациите во областа, којашто ве интересира. Со стекнување на искуство и со користење на добро осмислена стратегија вашите шанси ќе се зголемат и ќе ви отворат нови перспективи, коишто порано биле недостижни.

На луѓето, коишто не знаат што точно сакаат и коишто не се баш добро запознаени со проблематиката на работата, којашто ја бараат ќе им биде тешко да му се претстават на работодавачот, а потоа тие можат да бидат разочарани со нереални очекувања. Запрашајте се што сакате, како ќе го постигнете тоа и која е вашата крајна цел. Вам едноставно ви треба вистински правец за вашите цели тука вклучувајќи ги и познавањата на тенденциите на пазарот за трудот.

Улогата на резимето во успешното вработување

Имено вашето резиме може да му остави најсилен впечаток на работодавачот, затоа тоа треба да биде детално размислено, да го содржи целото искуство, знаења и достигнувања, но притоа да не биде премногу долго. Разумно адаптирајте го на огласот за отвореното работно место, за коешто аплицирате. Пред се, издвојте ги бараните знаења: вештините за управување со социјални мрежи и мобилни апликации, со оглед на тоа што во последно време се појавуваат нови професии, коишто ги немаше во минатото.

Новите технологии и нивното влијание на пазарот на трудот

Тенденциите во сферата на вработувањето се тесно поврзани со новите технологии, коишто придонесоа за кардинални измени на пазарот на трудот. Денес ние го користиме тоа што го сакаме, кога сакаме и каде и да се наоѓаме. Таа исклучителна достапност на производите и услугите исто така го измени (рашири) начинот на барање на работа и во исто време им овозможи на работодавачите полесно да го регрутираат новиот персонал.

Тенденциите на пазарот на трудот во голема мера се определуваат со дигитализацијата, којашто овозможува остварување на комуникација со помош на лаптоп, таблет или смартфон, забрзувајќи ја размената на информации. Искусните интернет корисници без потешкотии можат да ја најдат потребната информација за компанијата, којашто ги интересира, да подготват прашања за работодавачот и да си создадат позитивен имиџ на социјалните мрежи.

Извор: cekin.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х