Бесплатни студии, квалитетно образование, и меѓународно призната диплома

Словенците многу вложуваат во образованието. Тоа се одразува и на квалитетот на образованието и на вработувањето на дипломците. Студирањето во Словенија има многу предности кои што ги користат и словенечките и странските студенти. Во академската 2018/2019 година во оваа земја студирале скоро 6000 странци, а нивниот број се зголемува секоја година.

Photo: Unsplash/Brett Jordan

Бесплатни, квалитетни и перспективни студии

Студирањето е бесплатно за државјаните од земјите од поранешна Југославија врз основа на билатерални договори. Истото важи и за сите државјани на Европската унија.

Словенечките образовни институции можат да се пофалат со квалитетни студиски програми и меѓународно призната диплома, како во Европската унија, така и во Соединетите Американски држави. Затоа студирањето е перспективно за сите студентите кои што ја планираат својата професионална иднина на оваа или на другата страна од Атлантскиот океан. Сите програми на сите образовни институции ги има акредитирано Министерството за образование, наука и спорт.

Голем избор на студиски програми

Во Словенија има 6 универзитети, 38 независни високообразовни установи и 49 виши школи, а студентите можат да избираат помеѓу повеќе од 1500 студиски програми.

Студиите се организираат според болоњскиот систем (3+2), основните студии се со времетраење од три години, две години мастер и три години докторки студии. Студирањето на вишите школи трае две години со многу повеќе практика – дури 400 часови во една академска година.

Без приемни испити

Предноста на словенечкиот образовен систем несомнено е фактот што при запишувањето во образовните установи нема приемни испити. Единствени исклучоци се одредени студиски програми како музика, ликовна уметност, глума, дизајн, спорт, архитектура, протетика и така натаму.

Многу повластици за студентите

Студентите во Република Словенија се хранат поевтино. Секој оброк за студентите се состои од субвенциониран дел кој што се користи во облик на бонови и од дел кој што тие самите треба да го доплатат (разликата) до полната цена на оброкот. Субвенцијата во овој момент изнесува 2,69 евра.

Студентите кои што се оддалечени од образовната установа најмалку два километри, ги исполнуваат условите за субвенциониран превоз. Попустот не важи само за картите за градски и приградски автобус, туку и за воз и за комбинирани билети. Во некои мали градови студентите дури имаат и сосема бесплатен градски превоз. Студентите имаат на располагање и многу други погодности, како што се: поевтини карти за разни спортски активности, бидејќи обично можат да купат месечна карта со попуст за студенти. Вреди да се спомене и користењето на библиотеката, поевтини карти за кино (студентска претплата), музеи, галерии, разни настани, манифестации, концерти и некои курсеви за изучување на јазик.

Можност за студентска работа

Една од предностите ако сте студент во Словенија е можноста преку студентскиот сервис да најдете така наречена студентска работа. Студентите на тој начин можат да ја подобрат својата финансиска состојба работејќи за време на студирањето и да се стекнат со вредно работно искуство, кое што можат да го вметнат потоа во своето CV и со самото тоа да ја зголемат конкурентноста на пазарот на трудот.

Можност за студентска размена

Студентите имаат можност за размена на студенти преку програмата Erasmus+ и други програми. Странските студенти кои што студираат во Словенија, реално гледано имаат многу поголеми шанси за размена отколку ако се пријавиле за оваа програма во својата земја.

Туторска помош на студентите

Во Словенија постои многу добро организирана програма за туторство. Секој студент може да добие тутор – студент од понапредните студиски години, кој што им дава совети на студентите од почетните студиски години. Значи, студентот секогаш може да му се обрати за помош некому, па така студирањето и животот стануваат многу полесни.

Одлична дестинација за студирање

Република Словенија има многу природни убавини, богата историја, разнообразна култура, гастрономски специјалитети и секако љубезен народ кој што секогаш е спремен да им помогне на странците на секој чекор.

Оваа зелена земја со добра клима е една од седумте најбезбедни земји во светот. Словенците тежнеат кон здрав начин на живот и грижа за животната средина. Со оглед на минималните културни и јазични препреки и редовните средби со семејството и пријателите поради географската близина, јасно е дека Словенија е одлична дестинација за студирање.

Сакате да студирате во Република Словенија? Заинтересирани сте за студирање, студиските програми на словенечките образовни институции и за живот во Република Словенија? Контактирајте нè на education@2tm.si.

Автор: Шпела Жупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х