Бесплатно студирање во Словенија: првиот пријавен рок започнува во февруари

Доколку размислувате за студирање во Словенија, сега е вистинското време да дознаете нешто повеќе за програмите за студирање кои што ве интересираат најмногу. Денот кога ќе треба да одлучите што ќе студирате се наближува, бидејќи првите пријавни рокови на словенечките образовни установи се веќе во февруари.

Photo: nationalelfservice.net/uploads

Зошто да се студира во Словенија?

Словенија е една од најбезбедните и најмирољубивите земји во светот со современ и квалитетен образовен систем и меѓународно признати дипломи.

Во Словенија има 6 универзитети, 38 независни високообразовни установи и 49 високи школи, а студентите можат да бираат помеѓу повеќе од 1500 студиски програми.

Студиите се бесплатни за македонските државјани и државјаните на поранешните југословенски републики, врз основа на билатералните договори. Бесплатни студии имаат и државјаните на Европската унија.

Предноста на словенечкиот образовен систем е фактот што при запишувањето на образовните установи нема приемни испити. Единствени исклучоци се одредени студиски програми, како што се музика, ликовна уметност, глума, дизајн, архитектура, спорт, забна протетика и така натаму.

Инаку студентите во Република Словенија имаат и низа на погодности.

Колку пријавни рокови има?

Иако има неколку пријавни рокови (обично два, три или четири, зависно од самата установа), важно е да се пријавите на избраната образовна установа во првиот пријавен рок, бидејќи тогаш сите места на факултетот се сеуште слободни. Во сите останати пријавни рокови најдобрите места можеби се веќе пополнети и можеби ќе морате да избирате помеѓу помалку интересните програми или можеби дури да почекате да се запишете дури следната година.

Што ми е потребно за пријавување?

Не се точни информациите дека за пријавувањето во првиот рок се потребни сите документи, вклучувајќи ги и дипломите (од матурата или дипломата од додипломските студии). Сведителствата и дипломата за завршеното образование се поднесуваат како дополнување во пријавата, кога ќе ги добиете во јуни или јули.

Поддршка од специјалисти

Паметно е секогаш да имате некого на патот на кого што ќе можете да му се обратите, кога ќе имате потреба од информации, професионално мислење или совет. Нашите специјалисти ќе ве запознаат со деталните информации за роковите и процесите за запишување на словенечките образовни установи. Исто така тие ќе ви обезбедат совети на сите прашања поврзани со студирањето и студентскиот живот во Словенија. Заедно ќе ја избереме првата студиска програма согласно вашите желби и просек на оцени, а така ќе се осигурите дека целата потребна документација ќе се достави на време.

Сакате да студирате во Словенија? Заинтересирани сте за студиите, студиските програми и роковите на словенечките образовни установи и за животот во Словенија? Контактирајте нè на емаил: education@2tm.si

Автор: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х