Општо е познат стереотипот дека студентите се секогаш гладни и дека едвам спојуваат крај со крај. Што се однесува на студентите од словенечките образовни институции, тој став е секако погрешен. Словенечкиот образовен систем е помеѓу водечките по квалитетот на животот на студентите на европските простори. Значајната предност на статусот студент во Словенија е системот на субвенционирање на исхрана на студентите. Од посебна важност е таквата поддршка за младите кои доаѓаат од другите држави на студии во оваа гостољубива земја.

Photo by rawpixel on Unsplash

Што се бонови и за кого се наменети?

Системот за субвенционирање на исхраната им овозможува на студентите таканаречени купони – фиксни попусти за секој оброк во јавните угостителски објекти. Тие се предвидени за студентите од високото образование, сите високообразовни институции, вклучувајки и вонредни студенти, студенти кои се на постдипломски студии. Странските студенти можат да сметаат на боновите како во случаите на редовно студирање така и во случаите на привремен престој во Словенија на студентски размени.

Сумата на субвенција е 2.62 евра. На тој  начин, ако оброкот чини 5 евра, студентот ќе го плати само преостанатиот износ, т.е. износ од 2.37 евра. Во еден ден на студентот му следуваат два оброка со вклучен попуст. Мора да помине 4 часа помеѓу оброците. Постои и уште едно временско ограничување: попустот е предвиден само за временскиот интервал од 08:00 до 21:00. Покрај тоа боновите не може да се користат во периодот на летниот одмор на образовните институции (од 15. јули до 15. август).

Како да добиеме субвенции за храна?

Ако имате потврда за упис и фотографија. Земете ги овие документи, пасош или документ за индентификација и одете да земете бонови на местото каде што се преземаат.

Совет: немојте да го одложувате тоа до почетокот на учебната година. Штом ја добиете потврдата за упис или студентската легитимација, веднаш одете да си ги земете боновите. Инаку ризикувате да поминете долго време чекајки во редици.

Ако имате интернет можете да испратите он лајн барање за бонови. На страната на studentska-prehrana.si пополнете го образецот за регистрација, со назнака од податиците од пасошот. Документот може да се испечати или да се запише неговиот број (кој се наоѓа на горниот дел на образецот).

Првобитно боновите беа книжни талончиња за исхрана, а сега за плаќање се користат пластични картички со вграден микро чип или мобилен телефон со специјална апликација. Важно: СИМ картичката мора да биде словенечка.

Во SŠP ќе ви предложат една од двете можности. За плаќање преку телефон од словенечки оператори не земаат пари од сметката. Персонализирана електронска картичка со чип чини 15 евра. За нејзината изработка потребно е да платите веднаш во SŠP. Може да се преземе во наредните 5 (работни) денови. Една картичка може да се корити во текот на целото студирање.

По регистрацијата, студентот добива пристапен код на својата сметка на страната на studentska-prehrana.si. Тука можете да ја проверите состојбата (бројот на бонови), да видите список на кафулиња и ресторани кои овозможуваат студентска исхрана (ги има во сите градови во Словенија), а дури и да нарачате храна. Списокот на објекти кои овозможуваат користење на бонови се наоѓа и на бесплатната мобилна апликација NaBon и ŠOU-Pit.

Секој студент има онолку бонови колку што има работни денови во одредениот месец. Ако не сте ги потрошиле во текот на тој период, не грижете се, тие важат во наредните 60 дена. Потоа сите неискористени бонови се поништуваат.

Како се користат боновите во пракса?

Избравте кафуле или ресторан. Пред да порачате, кажете му на келнерот дека ќе платите со бонови. Во тој случај во многу објекти постои посебно мени, често „пообемно“ во однос на храната за другите посетители.

Време е да ја платите сметката. Келнерот ќе ви понуди посебен терминал за плаќање. За да го потврдите своето право за попуст покажете ја својата студентска легитимација. На телефонот изберете го бројот 1808 и приклучете го на терминалот. Ќе слушнете звук кој што потврдува дека имате право на субвенција и земање бонови од сметката.

За да платите со картичка со микро чип, само треба да ја приклучите на терминалот. Терминалот ќе ве извести со звучен сигнал дека се земени боновите.

Имајте на ум дека угостителот мора да ви даде сметка. Тоа ќе го покаже целиот трошок за оброкот, висината на попустот, износот кој што треба да се плати и бројот на преостанати бонови. Ако плаќањето не успее, замолете да ви испечатат сметка на која што е укажана причината за неуспешното плаќање со картичката.

Дополнителни совети за разни ситуации

Ако сте купиле нова СИМ картичка, сте го загубиле телефонот или чип картичката, веднаш посетете го пунктот за студентска исхрана (SŠP) и пријавете го својот проблем. Новиот број веднаш се активира. Изгубениот се брише од системот. Ќе добиете нова картичка со чип во рок од 5 работни дена.

Ако ја имате променето адресата или презимето, сте се преместиле на друг универзитет или сте го промениле факултетот, не заборавајте да го пријавите и тоа во (SŠP). Тоа ќе ви овозможи да останете пријавени во системот и секогаш да добивате бонови.

Пријатно и Ви посакуваме лесно студирање!

Олга Шумакова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х