Американстиот публицист Лоренс Бакман има изјавено: „Буџет се прави само заради тоа да се намали“. Оваа кратка, содржинска мисла им е позната на студентите кои, по правило, не заработуваат и немаат приходи, а имаат конкретна цел: намалување на трошоците. Може да се живее без различни скапи електронски направи, на облека може да се заштеди, а исхраната е проблем кој е секогаш присутен.

Photo by rawpixel on Unsplash

Словенечката држава им омозвожува на студентите на високите школи и на универзитетите да го користат оригиналниот и практичниот систем на бонови, кој им помага значително да ги намалат трошоците и во текот на целата година да имаат квалитетна исхрана.

Што се боновите и како тие функционираат?

Боновите се субвенции кои ги добиваат студентите за исхрана. Државата ја компензира цената на оброкот во износ од 2,63 евра, а разликата ја плаќа студентот. Во словенечките ресторани цените на боновите за „студентската кујна“ може да варираат, но во поголемиот број на случаи овие државни пари се доволни за студентот да добие полн оброк, кој вклучува главно јадење, супа, салата и десерт. Менито е балансирано и хранливо, а порциите се доволно големи.

Студентот има една субвенција за секој работен ден во месецот. Притоа, тој не смее да користи повеќе од два бона на ден, со интервал од најмалку четири саати измеѓу оброкот. Исклучоци се студентите со деца и инвалидите, кои можат да се хранат без разлика на временскиот интервал и оние кои имаат дополнителна количина на бонови – субвенции.

Боновите можат да се користат и во текот на викендите, доколку избраното место учествва во програмата за исхрана на попуст. Субвенциите може да се користат од 8:00 до 21:00 часот во текот на денот.

За да не „пропаднат“, несикористените бонови од еден месец, можат да се употребат во наредните два месеца. За нив нема географска ограниченост, па така студентите можат да ги користат во цела Словенија.

Економски аргументи во корист на боновите

Навидум изгледа дека сумата од 2,63 евра не е голема. Но, со проста математика може да се докаже спротивното:

Во просек, студентот во Словенија троши од 400 до 500 евра месечно. Еден бон е 2,63 евра, а работни денови има 22.

2,63 x 22 = 58 евра месечно, што изнесува 12 – 15% од буџетот!

Заштедените пари, студентот ги троши според личните обрвски и цели. Постојат многу ресторани кои имаат можност за достава на храна на бонови, што повторно го намалува трошокот за превоз низ градот и на тој начин студентот обезбедува дополнителна можност за штедење.

Добра работа кај боновите е тоа што тие не се задолжителна мерка, а и не се штетни по здравјето. Тоа е напреден, автоматизиран систем на субвенции кој бара од студентите само едноставна процедура за регистрација, а за возврат им овозможува сигурна и квалитетна исхрана.

Заклучок

Исхраната на студентите во Словенија е регулиран процес, кој значително го подобрува животот и има важна улога во планирањето на буџетот на студентот. Државниот систем на субвенции функционира непрестано и без бирократски одолговлекувања, што значи дека секој кој студира во Словенија, има стопроцентно обезбедена исхрана во текот на cелиот период на студирање.

Автор: Антон Баранов

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х