„Пред моето доаѓање во Словенија, не знаев буквално ништо за земјата. Не знаев како изгледа Љубљана, нејзиниот центар, ниту тоа дека низ градот тече река. Единствено што знаев е дека овде има одличен факултет по елетротехника и само поради тоа дојдов тука“- со позитивен дух ни објаснува студентот од Црна Гора Данило Пејовиќ, како се одлучил да студира елетротехника во Словенија.

Photo: © Данило Пејовиќ

Данило своето слободно време меѓу две предавања на електротехничкиот факултет го одвои за интервју и дојде во просториите на 2ТМ во Љубљана. Тој открива дека за можноста да се препише на факултет во Словенија дознал кога случајно на интеренет ја забележал рекламата на 2ТМ. По консултациите со еден од специјалистите за високо образование во 2ТМ, Пејoвиќ се одлучува да ја отпочне целата преписна процедура и да ги продолжи студиите во Словенија.

Што беше пресудно да се препишете на студии во Словенија?

Причината е пред сѐ практична, односно поради смеровите кои ги нуди електротехничкиот факултет во Љубљана, бидејќи во Црна Гора која е помала држава и има помал пазар од ЕУ едноставно немаме потреба за смерови како што се роботика, кибернетика и сл. Првите две години ги завршив таму, каде што студирав на смерот енергетика, а овде во Љубљана се препишав и ги продолжив студиите на смерот автоматика. Годинава ги завршувам додипломските студии и планирам да се подготвам за предмети и курсеви кои ги нема во Црна Гора. Размислувам и да го продолжам своето образование на магистерски студии.

Како дознавте дека студиите за црногорските државјани се бесплатни?

Пред било што да дознаам за студиите во Словенија, ја прочитав вашата реклама на интернет. Од 2ТМ дознав дека студиите се бесплатни и дека е можно да се препишам на факултет овде.

Можете ли да направите паралела на студиите по електротехника во Црна Гора и овде, што е различно?

Генерално кажано во Словенија повеќе се вложува во образованието. Овде во групите на вежбите доаѓаат максимално дваесет студенти, а во Црна Гора сите студенти одат заедно на вежбите, што практично го уништува нивниот квалитетот. Изборните предмети во Љубљана имаат смисла, а во Црна Гора генерално немаа смисла. Областа која се изучува таму не се шири, а овде е тоа поинаку, има поголема слобода при изборот и различни аспекти на здобивање на знаења.

Каков е системот на полагање на испити на електротехничкиот факултет во Љубљана?

Во Словенија повеќе ми се допаѓа системот на полагање на испити, тука не третираат како возрасни личности. Имаме еден устен и еден писмен испит во јуни, а во текот на годината доколку сакаш да учиш – учиш, доколку сакаш можеш да учиш и последнта недела – се смее Данило. Во Црна Гора имавме почесто колокфиуми, што малку го затвора човекот и го ограничува слободното време на студентот. На пр. ако имав некој колокфиум во петок, тоа значеше дека не можев да го искористам викендот за други активности и константно се вртев во тој круг.

Што знаевте за Словенија пред вашето доаѓање на студии во Љубљана?

Искрено немав никакво мислење за Словенија пред да дојдам овде. Дојдов исклучиво поради електротехничкиот факултет. Доколку некој би ми ја споменал Љубљана, јас немав никаква слика за градот, како тој изгледа, не знаев ниту како изгледа центарот, ниту дека има река која тече низ градот. Единствено што знаев е дека има одличен факултет овде, затоа и дојдов тука. – се смее Данило.

Oвде сте веќе втора година, дали ви беше тешко изучувањето на словенечкиот јазик?

Кога дојдов во Словенија не знаев ниту еден словенечки збор, така што на почетокот имав малку проблеми. Но, уште од почетокот можев да го разбирам словенечкиот јазик поради сличноста со српскиот јазик, се учев сам и малку по малку го научив.

Дали имаа разбирање вашите професори дека словенечкиот јазик не е ваш мајчин јазик?

Јас немав никакви проблеми, немав прекини во предавањата и вежбите. Доколку не разбирав нешто, послободно се чуствував тоа да го прашам преку емаил, за да не им ги успорувам на другите студенти вежбите и предавањата. Што се однесува до испитите и семинарските работи, нив ги испраќав на српски, на словенечки и на англиски јазик во зависност од тоа колку време и знаење имав. Професорите имаа разбирање, можеби е тоа и до мојот факултет бидејќи 80% од испитите не е важно на кој јазик ги полагаме, а за останатите предмети немав проблеми. На почетокот сите испити ги полагав на англиски јазик, а сега сум суверен и испитите ги полагам на словенечки јазик.

Во Љубљана е предизвик да се најде сместување, раскажете ни малку какво беше вашето искуство?

Првата година најдов сместување преку 2ТМ, вие ми помогнавте, но во втората година сопствениците престанаа да го издаваат станот и останав бев сместување. Мислам дека тоа е најголемиот проблем за студентите во Љубљана. Не само што е проблем да се изнајми стан за нормална цена, туку вистински предизвик е воопшто да го пронајдете. Оваа година најдов еден стан, но во меѓувреме кога отидов во Црна Гора во текот на летото, сопствениците го издале на други луѓе. Кога се вратив во октомври за новата студиска година, со уште двајца мои другари од Црна Гора баравме сместување точно еден месец. Побарувачката на станови кои се изнајмуваат е голема, а на огласите за издавање се пријавуваат и до четириесет луѓе.

Студентите во Словенија имаат многу привилегии. Една од нив се и „студентските бонови“ за прехрана, ги користите ли?

Студентските бонови ги користам секојдневно. Субвенционираниот систем на прехрана за студентите е многу подобар од тој во Црна Гора. Со боновите пробувам различна храна, секогаш нешто поинакво. Во Црна Гора имавме една менза каде што цените беа многу поволни и се исплатеше да се јаде таму, но тоа беше само еден ресторан, кој имаше како понуда една иста храна. Овде во Словенија пробав сѐ, од домашна словенечка до сите странски кујни кои ги нудат рестораните, а изборот е навистина голем.

Имате ли слободно време и како го користите?

Во овој момент немам многу слободно време, баш сега кога дојдов во вашата канцеларија имам пауза и повторно од 14ч. до 18ч. имам предавања. Но, во Љубљана има многу места на кои може да се потроши слободното време. Доколку имате неколку слободни денови секогаш може да се организирате за некое патување, на пример до Трст, до Блед и сл. Патувањата не се проблем за некој што не е здодевна личност и реално во Словенија и во регионот има многу интересни можности за искористување на слободното време.

Какви се вашите планови за во иднина, ќе се вратите во Црна Гора по дипломирањето или ќе останете во Словенија?

Планирам да завршам и магистерски студии, но доколку најдам некоја интересна пракса или работа во меѓувреме, веројатно ќе паузирам една година со студиите. Веќе ја испратив мојата биографија до неколку фирми и барам работа. Не размислувам многу за тоа дали би останал тука или би се вратил во Црна Гора. Прилагодлив сум, така што сѐ зависи од тоа каде ќе ми се отвори добра можност. Кога дојдов во Љубљана не познавав никого, а сега од оваа перспектива можам да кажам дека се снајдов. Повеќе би сакал да останам во Словенија пред сѐ заради близината со Црна Гора, но доколку е тоа некоја друга земја и таму би се снашол.

Што најмногу ви недостасува од Црна Гора, дали одите често дома?

Дома одам многу ретко. Иако Словенија и Црна Гора имаат сообраќајна поврзаност со авион, студиите не ми дозволуваат да имам повеќе од два или три слободни денови и затоа не одам толку често. Возењето со автобус до Црна Гора трае 19 часа и тоа отпаѓа како опција. Најмногу ми недостасуваат моите две кучиња. – вели Данило.

Автор: Лидија М.Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х