Директорот на програмата „Менеџмент на бизнис-системи“ на Alma Mater Europaea, Барбара Топлак Перович: „Нашите дипломци треба да бидат барани специјалисти, а не само лица, коишто бараат работа“

Alma Mater Europaea – ECM се специјализира за образовни услуги, поврзани со изградба на кариера во дефицитарните професии. Во следната академска година на програмата „Менеџмент“ ќе се отвори нова специјалност – „Семејно претприемништво“.

Photo: pixabay/geralt

За наведната специјалност, професорите, образовната понуда за освојување на бараните професии и совети за идните студенти – бруцоши, коишто во оваа година учествуваат во уписната кампања, новинарите од веб страната maribor24.si разговараа со доктор Барбара Топлак Перович, директор на студиската програма „Менеџмент на бизнис-системи“ на Alma Mater Europaea.

– Во оваа академска година во рамките на програмата „Менеџмент“ вие отворивте нова специјалност „Семејно претприемништво“. За кого е предвидена оваа специјалност?

– Во Република Словенија во семејна сопственост се наоѓаат од прилика 70 проценти од сите претпријатија. Истражувањата укажале на сериозни потешкотии при пренесуавањето на претпријатието на следните поколенија на сопственици: второто поколение на сопственици успешно ги презема во владеење само 30 проценти од претпријатијата, а третото поколение – само 12 проценти, и само 3 проценти од семејните претпријатија се наоѓаат во рацете на три и повеќе поколенијана едни исти сопственици. Имајќи го предвид непознавањето на некоја стопанска гранка и грешките при пренесувањето на претпријатијата од едно поколение на сопственици на друго, се губат значајни можности како за економијата, така и за семејството, коешто не ги пренесува успешните традиции на водење на бизнисот на своите наследници. Успешните претпријатија треба да акумулираат знаења и без проблеми да преминуваат на следните поколенија на сопственици.

Летниот модул „Семејно претприемништво“ е предвиден за сите, коишто на еден или на друг начин учествуваат во управувањето со семејното претпријатие без разлика од стопанската гранка, а исто така за студентите од студиската програма „Менеџмент“, коишто сакаат да специјализираат во областа на семејното претприемништво. Тоа е образовен курс, којшто вклучува како психологија на управување, така и елементи од правото и економијата, се предава како одделен модул или како дел од студиската програма „Менеџмент на бизнис-системи“ на ниво на високо стручно образование или магистратура.

– Семејниот бизнис е движечка сила на словенечката економија. Дали според вас е доволен степенот на образование на раководителите на семејните претпријатија? Во што се состои додадената вредност со којашто студентите се стекнуваат, при стекнувањето на образование на вашата студиска програма?

– Семејното претприемништво – не е само важна движечка сила на словенечката економија, но и една од најважните форми на водење на бизнис на глобално ниво, затоа образовните курсеви за семејно претприемништво се веќе постојана практика во светот. Членовие на семејството, коишто го преземаат претпријатието да го управуваат, а исто така и нивните родители, коишто го отвориле бизнисот, треба да воспостават одржлива сорабтока помеѓу поколенијата, со оглед на тоа што во семејниот бизнис на родителите и на нивните наследници им се појавува заедничко дете – претпријатие. Родителите, во суштина, се старатели на претпријатието, коешто тие го отвориле, и многу често не им дозволуваат на младите да ги презентираат своите идеи и да применат посовремени начини на водење на бизнисот. Затоа основната закана за постоењето и развојот на семејниот бизнис, основно се појавува поради неправилниот начин на пренос на правата, префрлувањето на сопственоста (правни прашања), а исто така како последица на тоа и други потешкотии во семејството, коишто се однесуваат на неквалитетната анализа и определување на тековните и идните предизвици и како резултат на тоа, лошото планирање. Младите луѓе треба да ги разбираат традиционалните вредности на своите родители, а родителите треба да одобрат примена на нови современи  пристапи во управувањето со претпријатието и да ги почитуваат приоритетите на помладото поколение. Клучна улога при тоа играат комуникацијата, взаемната почит и специјалните знаења при управувањето со семејниот бизнис.

Затоа Alma Mater на додипломските и магистерските образовни програми „Менеџмент на бизнис-системи“ во рамките на специјалноста „Семејно претприемништво“ нуди предмети, коишто вклучуваат стратешко управување, финансиска дејност, знаења од правото, дигитализација на претпријатијата, организациска култура и така натаму. Предноста на оваа програма се состои во интердисциплинарноста, кога во преден план се ставаат тековните проблеми и решението на актуелните прашања на семејниот бизнис, коишто примери може да се применат во сите стопански грански.

– Какви професори работат во рамките на новата образовна програма?

– Програмата има отворен меѓународен формат – пред се благодарение на странските експерти, на пример, на доктор Лоуренс Хевик од Канада, којшто веќе неколку години во својата земја раководи со Институтот за семејно претприемништво и ни помогна нам да ја отвориме студиската програма „Семејно претприемништво“ тука. Alma Mater Europaea става акцент на учеството во образовниот процес на специјалисти практиканти, и оваа програма – не е исклучок. Важна улога ќе имаат и словенечките претприемачи, коишто, учествуваат во програмата како визитинг професори, ќе ги споделуваат со студентите примерите на успешна пракса, како и со компетенциите за надминување на непредвидените и кризни ситуации.

– Изборот на насока за студирање има клучно значење, бидејќи од тоа директно зависи идното вработување. Познато е дека веќе неколку години на Alma Mater се реализираат програми за подготовка на специјалисти за професиите коишто се барани на пазарот за трудот. За кои студиски насоки има најголем интерес?

– Навистина нашите студенти треба да бидат барани специјалисти, а не само лица, коишто бараат работа. Тоа е нашата основна девиза и цел на работата и обуката во Alma Mater. Затоа ние овозможуваме знаења и компетенции, коишто се барани на пазарот на трудот. Младите исто така го разбираат тоа, затоа бројот на бруцоши на Alma Mater секоја година се зголемува. Популарноста на студиските програми од областа на здравството постојано се зголемува како на пример за: физикална терапија, медицинско-санитарна помош и социјална геронтологија, што со земање предвид на сериозните демографски измени е сосема разбирливо. Многу е големо барањето за специјалисти од здравството во соседна Австрија, затоа австријците се подготвени да издвојат стипендии за нашите студенти, за да си обезбедат квалифицирани кадри.

Ние исто така бележиме значаен раст на популарноста на студиската програма „Менеџмент“ на сите нивоа на обука, како помеѓу локалните студенти, така и помеѓу странските. На докторската програма „Менеџмент на проекти“ се обучуваат успешни менеџери, претставници од единаесет земји и шест континенти, а на додипломските и магистерските програми – претежно амбициозните студенти од Република Словенија, коишто сакаат да се стекнат со актуелни знаења, да ги освојат современите приоди за управување со претпријатието и иновативни начини за решавање на проблемите.

– Што би ги посоветувале Вие идните студенти – бруцоши, коишто се запишуваат во оваа академска година?

– Изберете гранка, којашто ќе ви биде интересна. Љубовта кон работата ќе ви овозможи да постигнете одлични резултати. Ние сме тука за да ви помогнеме на патот кон успехот, да ви го пренесеме искуството и уметноста на решавање на проблемите. И ние сме свесни, дека нашата (и ваша) иднина зависи од вас!

Извор: almamater.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х