Доцентот на универзитетот од Нова Горица Артур Степанов: Нашите студенти се стремат да бидат напредни во науката и успешно да го применат стекнатото знаење

Артур Владимирович Степанов е професор-лингвист, доцент и постар научен соработник на универзитетот во Нова Горица. Ние поразговаравме со него за неговите искуства во предавањето и неговите научни интереси, за универзитетскиот живот и студенттите, впечатоците од државата и спецификите на адаптацијата. Артур е уверен, дека Република Словенија како место за живот и работа е малку истражена, а универзитетот во Нова Горица претставува добра конкуренција на водечките високообразовни установи.

Photo: © Artur Stepanov

– Расскажете ни ве молам за себе: од каде сте Вие по потекло, каде се стекнавте со образование? Какво е Вашето професорско искуство пред доаѓањето во Република Словенија?

– Јас се родив и израснав во Рига, но моите родители беа по потекло од Ленинград (Санкт-Петербург). Со високо образование се стекнав во Москва, уште пред распадот на Советскиот Сојуз. А скоро после тоа јас заминав во Соеднинетите Американски Држави, каде што магистрирав и ја заштитив докторската дисертација на универзитетот во државата Конектикат по специјалност «Лингвистика». После заштитата на докторската дисертација 7 години се занимавав со научно-истражувачка работа во Германија. Предавав и одржував семинари во Потсдамскиот универзитет и универзитетот во градот Констанц по својата основна специјалност.

– А што не натера Вас да дојдете во Република Словенија?

– Словенија јас порано воопшто не ја разгледував како потенцијално место за работа и кариера. Но во 2008 година јас дознав дека универзитетот во Нова Горица кој што неодамна се отворил во тоа време, објавил конкурс за вработување на позицијата професор по мојата специјалност на факултетот за хуманитарни науки и постар соработник во научно истражувачката група која што сега е Центар за когнитивна наука за јазикот. Мене ми изгледаше интересно да станам дел од новата образовна и истражувачка структура која што се формираше пред моите очи и да учествувам во нејзиното создавање и развој, да ги донесам во неа своите искуства и своите гледишта. Јас видов во тоа нов предизвик за себе. Јас поднесов пријава за отвореното работно место и според резултатите бев поканет да ја заземам таа должност. Од тогаш и работам тука, повеќе од десет години.

– Дали имавте можност Вие за ова време да разработите авторски образовни програми?

– Да, во 2010 година ние со колегите создадовме и акредитиравме програма за студии по специалноста «Лингвистика», која што сега го промени своето име во «Когнитивни науки за јазикот».

– Раскажете ни Ве молам подетално што претставува Вашиот центар и која е неговата дејност.

– Центарот за когнитивни науки за јазикот во неговата сегашна форма функционира од 2014 година. Тој се посветен на научно-истражувачка дејност во областа на теоретската и експерименталната лингвистика и психолингвистиката. Во фокусот на нашите интереси е јазикот како функција на человековата мозочна активност. Ние сакаме да разбереме како детето го совладува својот мајчин јазик со сите негови сложености на сите полиња за време на раната возраст, што значи да се знае јазикот од гледна точка на конкретна состојба на возрасен човек и на кој начин различните мозочни ресурси (на пример, оперативната меморија) учествува во обичното или секојдневното користење на јазикот. Овие фундаментални прашања сега се во преден план во современата наука за јазикот. Буквално пред нас се таа се трасформира од традиционална хуманитарна дисциплина во нова меѓудисциплинарна област со силен природно научен компонент.

– Колку е голема дејноста на центарот?

– Постојано вработените во центарот се дипломци од водечките универзитети од Соединетите Американски Држави и Канада, меѓународно признти експерти со многу публикации во меѓународните списанија и изданија. Ние имаме големо искуство со соработка со многу научни центри од Европа и Северна Америка. На пример, само што ја завершивме работата во рамките на успешниот огромен проект од областа на билингвизмот, кој што беше финансиран од Европската Комисија и кој што опфаќаше 17 европски универзитети. Вработените од центарот редовно учествуваат во проекти, кои што се финансирани од Словенечката истраувачка агенција (ARRS), а исто така во рамките на финансираната ARRS истражувачка програма «Теоретска и еспериментална лингвистика». Во склоп на центарот функционираат лабараторија, која што е наменета за лингвистички експерименти и инструментална анализа на реакциите на лингвистичките стимули. Помеѓу останатото, таа е опремена со апарат за снимање на движењето на очите (eye-tracker) од најново поколение. Во најскоро време ние исто така планираме да набавиме специјализиран електроенцифалограф за снимање на мозочните сигнали при обработка на јазичните информации.

– Како работата на наведениот центар е поврзана со образовниот процес во универзитетот?

– Спецификата на нашата работа е најтесно поврзана со работните контакти со нашите студенти и нивното привлекување кон работата уште во почетните фази на образованието. Студентите активно земаат учество во проектите под раководство на вработените од центарот, се стекнуваат со важно искуство како во самостојната истражувачка работа, така и во составот на итражувачките групи, на пример, при експерименталната работа со носителите на јазикот. Нашите студенти исто така учествуваат во националните и меѓународните конференции каде што ги претставуваат своите истражувања во европските програми за размена со други универзитети, а исто така и во рамките на билатералната соработка со партнерските научни центри.

Бидејќи ние како вработени во центарот сме исто така и професори по хуманитарни науки, нашата педагошка дејност природно е поврзана со нашиот истражувачки правец. Не се трудиме да ги вметнеме нашите најнови достигнувања од нашата област непосредно во учебниот материјал. Би сакал да потенцирам дека нашите образовни програми за студирање и магистерски студии по словенечки јазик, без разлика на тоа во нив не е наведено тоа, го претставуваат словенечкиот јазик во поширока смисла од современо научна гледна точка за јазикот и јазичната структура. Поконкретно, словенечкиот јазик се претставува во контекст на универзална способност луѓето да го усвојуваат и да го искористуваат јазикот како систем на алгоритмички правила, кои што генерираат искажувања како „генеративна граматика“. Тие кои што се решиле да се посветат на изучување на когнитивните аспекти на јазикот во целина, ги чекаат уписи.

– Во продолжение на темата универзитаетскиот живот: кои се клучните особености на образовниот процес во Република Словенија во главном и особено во универзитетот во Нова Горица?

– Универзитетското образование во Република Словенија го следи така наречениот «Болоњски модел», кој што се користи со унифицирани критериуми на отценување на знаењето на студентите и на тој начин го олеснува взаемното признавање на конкретниот степен на образование помеѓу институциите и земјите учесници во Болоњскиот процес. Затоа во целата организација на универзитетското образование во Република Словенија не се разликува многу од другите европски земји.

Што се однесува до универзитетот од Нова Горица, тоа е најмладиот (акредитран во 2006 година) од четирите главни словенечки универзитети, и во определена мерка тој стои рамо до рамо со останатите. Како прво, тој е првиот универзитет во Република Словенија кој што не е државен, а има добиено државна акредитација за целиот циклус на образование  (бакалавријат, магистратура, и постдиполмски студии). Таквиот статус ни дозволува нам ефикасно да го организираме и оптимизираме образовниот процес, да интегрираме различни модели на образование и взаемните односи и главно флексибилно да реагираме на барањата и потребите на современото општество. Како второ ние самите сме најмалиот по бројност универзитет и намерно не се стремиме да „растеме и да се шириме“ бидејќи тоа ни овозможува нам некои предности од аспект на квалитетот на образованието, ние имаме можност да остваруваме образовен процес во малу групи. Трето – ние се позиционираме како истражувачки универзитет, во кој што предавањето и истражувањето се взаемно поврзани и взаемно се надополнуваат едно со друго, а студентите активно се вклучуваат во истражувачките процеси, како што веќе кажав во раната фаза од студиите. Четврто – еден од приоритетите на универзитетот е создавање и поддршка на блиски взаемни односи со индустриските и претприемачките организации, тесната размена на знаењата помеѓу академската и бизнис сферата, што исто така ја зголемува можноста за вработување на дипломците од нашиот универзитет.

– Каква атмосфера владее на предавањата, како соработуваат помеѓу себе студентите и професорите?

– Нашиот универзитет со право се гордее за соодносот на малиот број на студенти во споредна со големиот број на професори. Предавањата, ќе се повторам, во главном се одвиваат во малубројни групи, што овозможува максимално да се приближи професорот до студентите и студентите до професорот. Предавањата во ваков случај се по индивидуални, и по приспособени на потребите на некои студенти. Професорот по внимателно следи како студентите го усвојуваат материјалот, а студентите имаат можност активно да соработуваат со професорот за време на предавањето. Таквиот модел на предавање се наметна како најдобар модел и се користи исто така и во некои од водечките европски универзитети, како на пример Оксфорд и Кембриџ.

– Колку требаше да се слушаат, сите професори во словенечките високообразовни установи – специалистите кои што беа на пракса. И како Вие би го окарактеризирале професорскиот состав?

– За квалитетот на подготовката на професорско – предавачкиот состав на нашиот универзитет најдобро говори, импресивниот број на научни публикации во водечките светски списанија. Научните достигнувања на нашите колеги беа препознаени од Извештајот на Европската комисија за научниот потенцијал на европските универзитети во периодот од 2007 до 2011 година, во кој што се истакнува, дека според критериумите за квалитетот на научните публикации и нивниот фактор на влијание (impact factor), универзитетот од Нова Горица се вбројува помеѓу петте најдобри универзитети во Европа на исто рамниште со Оксфордскиот универзитет, Кембриџ, Државната политехничка школа од Лозана (EPFL) и ETH Zürich. Многу професори се дипломци на истакнатите универзитети од Европа и Америка, скоро сите имаат работен стаж надвор од границите на Република Словенија, активно и успешно соработуваат во рамките на националните и меѓународните истражувачки проекти.

– Колку добро е развиена инфраструктурата на универзитетот во Нова Горица како образовна установа?

– Главниот објект со ректоратот е куќата на Лантјери во Випава, историски споменик на архитектурата, неодамна реставриран со помош на средства од европските структурни фондови. Универзитетот исто така располага со образовни корпуси и лаборатории во Нова Горица (Рожна Долина) и Ајдовшина. Уметничката академија се наоѓа во Горица (од италијанската страна на границата). Научните лаборатории на универзитетот се опремени со современа апаратура и опрема, која што овозможува да се одржуваат истражувања на високо технолошко и инструментално ниво. Современите образовни простории во целост се опремени и приспособни за потребите за обуката. Покрај се останато универзитетот активно обезбедува можности за „обука на оддалеченост“ и ги има на располагање најсовремените средства за комуникација, кои што дозволуваат да се овозможуваат предавањата и деловната соработка без физичко присуство. За престој на студентите се предлагаат два современи студентски домови во Нова Горица, специјално преправени соби во куќата на Лантјери, а исто така и многу други можности. Студентите добиваат бонови – субвенции за прехрана. Покрај тоа се водат преговори за изградба на нов кампус на универзитетот, што покрај другото, осетно ќе упрости логистиката поврзана со преместувањето од студентските домови и образовните корпуси.

Photo: © Artur Stepanov

– Какo e организиран воннаставниот живот на универзитетот?

– Еден од нај истакнатите редовни настани во рамките на воннаставните активности на универзитетот се така наречените „Научни вечери “ циклус на предавања кои се одржуваат секоја година, во кои учествуваат звучни имиња од научниците од целиот свет , вклучувајќи ги добитниците на нобеловите награди, а исто така и познатите работници од индустријата, бизнисот и уметноста за студентите, постдипломците и вработените на универзитетот. Предавањата исто така се отворени за пошироката публика. Предавањата однапред се објавуваат на веб страната на универзитетот и се одржуваат во главната предавална во Куќата на Лантјери и предизвикуваат особен интерес кај публиката. После предавањето обично следува неофицијален прием каде што всушност секогаш може да се дегустира нашето универзитетско вино од сопствено производство. Универзитетот исто така зема активно учество во разни општествени настани, поврзани со науката и уметноста, на пример на фестивалот „Европската ноќ на истражувачите“ , најразлични изложби и саеми, денови на отворени врати кои се одржуваат секоја година, заеднички настани со школите, младинските центри и така натаму. Студентите имаат свој клуб за комуникација во времето кога немаат предавања. Исто така кај нас учат многу студенти спортисти кои што достојно не претставуваат на националните и меѓународните натпревари.

– А ги одржувате ли Вие контактите со дипломците? Како се одвива нивниот понатамошен живот?

– Во нашиот универзитет функционира клуб на дипломци (alumni klub), кој што ги одржува контактите со дипломците од нашиот универзитет и го следни нивниот понатамошен развој. На веб-страната на клубот можноможе да се запознаете со новините од дипломците, а исто така и да се запознаете со интересни примери од средување на нивната кариера. Клубот исто така веќе организираше неколку средби на дипломците, кои што беа прифатени со воодушевување.

– Дали има многу студенти од словенските земји како Русија, Украина, балканските земји кои што студираат на универзитетот во Нова Горица?

– Колку што знам јас, во овој момент нема многу редовни студенти. Но има многу студенти кои што доаѓаат на краткорочни обуки од еден месец до цело полугодие или цела година по програмите за размена на студенти, како на пример ERASMUS+. Но се забележува стабилен раст на студентите од земјите на поранешна Југославија, посебно од Србија, Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија. Интересно е што дури во случаите на краткотрајните програми студентите многу брзо се вклопуваат во обуките, вклучувајќи ги и обуките на словенечки јазик. И воопшто не делат во споредба со останатите студенти.

– Доволно ли им е на студентите нивото на образование со кое што се имаат стекнато во своите држави за успешен образовен процес тука?

– Студентите со добри основни знаења се способни да се справат со образовната програма на универзитетот. Од своја страна универзитетот организира воведни обуки за основните предмети кои што им овозможуваат да се стекнат со знаења по предметите (како на пример, математика, хемија, физика) до потребното ниво и да се елиминираат можните празнини. Потребните услови за успешен образовен процес, секако се и знаењето на англиски и словенечки јазик кој што се изучува и усовршува во текот на образовниот процес. Всушност некои од нашите образовни програми се одржуваат исклучиво на англиски јазик, тука вклучувајќи го и целиот процес на запишување.

– Се организираат ли културни и јазични средби за организации на странски студенти?

– Во студентскот клуб секогаш има настани за сите студенти, тука вклучувајќи ги и странските студенти, од време на време тука се организираат и средби за меѓусебно запознавање, настани за интегрирање во словенечката култура, интернационални и меѓу културни вечери со раскази , игри и национални кујни.

– А според Вас колку добра варијанта е Република Словенија за образовна емиграција на младината од земјите на Заедницата на независни држави (вклучувајќи ја тука и Русија), а исто така и Украина и земјите од Балканот?

– Мислам дека е многу добра варијанта. Стекнувањето на европска диплома, според мое мислење е доволно голема придобивка. Дополнителен плус е студентската мобилност, можноста за учество во програмите за размена на студенти во Европската унија но и надвор од неа. Т.е. за време на образованието и по стекнувањето на дипломата во Република Словенија студентот може да добие стипендија и да отпатува на размена по програмите ERASMUS+, CMEPIUS и така натаму во други земји.

При тоа на странските студенти од словенските земји во Република Словенија им е многу лесно да се прилагодат: менталитетот е многу сличен, совладувањето на јазикот се одвива без поголеми потешкотии (особено се зема во предвид дека сите услови за негово изучување се овозможени), културни шокови нема да има. За природата нема што да се зборува бидејќи скоро како рај е. Според отзивите од студентите и постдипломците – сонародници, словенците се љубезни и секогаш се спремни да пружат помош во проблемите кои што се јавуваат во студентскиот живот. Така што нема да ви биде досадно и нема да бидете осамени.

– А каков е Вашиот личен впечаток за Република Словенија?

– Нај позитивен. Јас сум убеден дека Словенија во овој момент не е доволно презентирана како место за живеење и за работа. По мое лично мислење и искуство од 25 години емиграција, квалитетот на животот во Република Словенија не е отстапува, а во многу аспекти е подобро од многу земји во западна Европа. Безбедноста, спроведувањето на законот, социјалната поддршка, одличната инфраструктура, прекрасната екологија, прекрасната природа, бавниот начин на живот, многу поволната географска поставеност, и како последица на тоа достапноста до цела Европа – сето тоа претставува прекрасна можност за самореализација и хармоничен развој, воспитување на децата и спокојна старост. При тоа мора да се земе во предвид дека Словенија е мала држава, и пазарот на трудот е многу ограничен. Затоа за успешно да се вклопите во активните слоеви на општеството, тука треба точно да знаете со што ќе се занимавате.

– Како Вас ве пречека Република Словенија? Што ве воодушеви, а кон што требаше да се привикнувате?

– Секако беше тешко на почетокот, без познавањето на словенечкиот јазик, особено при оформување на статусот во државните структури, првичното барање на место за сместување, запишувањето на детето во детска градинка…. Се што обично се случува при такви ситуации. На почетокот ние комунициравме само на англиски. И нам многу ни помогна универзитетот и на официјален и на неофицијален план. Претставниците на универзитетот, локалните колеги ни помагаа во државните институции, ни помагаа со преписките, и не запознаваа со месните реалии.

А воодушевување веднаш предизвика бајковитата и прекрасна природа, меката клима, прекрасната комбинација на градскиот пејзаж со јадранскиот брег. Од панорамата на езерото Блед до погледот на планината Триглав сеуште ме остава без зборови… Секако безбедноста: Република Словенија е нај безбедната држава од сите, каде што сум живеел јас. Општата хигиена во државата, соодветната поддршка за јавните простори, квалитетот на патиштата.

Помеѓу тоа на што требаше да се навикнам, ќе го истакнам тоа што редовно на лето има жештини од 38 целзиусови степени во нашата област (Приморската), која што на мене како на северен човек понекогаш ми изгледа неподнослива (да живеат клима уредите!), и немањето на снег на зима. И уште, некаква емоционална воздржаност на словенците (ќе се повторам, при сета нивна несомнена дружељубивост и готовност да помогнат).

– Често ли Вие патувате? Кои земји за овој период Вие успеавте да ги откриете?

– До преселувањето во Република Словенија јас живеев во емиграција 14 години. Така што јас за тоа време се „изнапатував“ по светот повеќе отколку што сакав, (јас во принцип сум човек кој што сака да седи дома). А Словенија со своите прекрасни пејзажи од една страна располага со домашниот комфор, а од друга страна заради својата многу поволна географска поставеност во центарот на Европа, невозможно е да не патуваш. Затоа заедно со своето семејство ние редовно патуваме во соседните земји (Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска ), а исто така во Франција, Германија, Бугарија. Претпочитаме патување со земен транспорт.

– Во текот на нашиот разговор ние детално поразговаравме на многу теми. А што би сакале Вие самите да додадете за Република Словенија, за универзитеотот, за студентите?…

– Јас сметам дека универзитетот од Нова Горица е достојна алтернатива на поголемите словенечки универзитети. Практично секоја наша образовна програма има свој „изум“ т.е. некакви уникатни аспекти, кои што не се предаваат на ниедно друго место во Република Словенија, без разлика на тоа што официјалното име на програмата може да се совпадне. Некои наши образовни програми како карстологија , дигитални хуманитарни науки, или винска изработка, се уникатни програми од таков вид во Република Словенија. Нашиот профил привлекува студенти за кои што е важен индивидуалниот приод кон образованието, стремежот да се биде на преден план во науката и можноста да се применат стекнатите знаења во широк спектар во академска или неакадемска сфера на дејност.

Така што Словенија е прекрасно место за стекнување на образование: со многу можности за динамичен студентски живот, воннаставни активности, патување. Сето тоа на крајот овозможува голем успех и задоволство од стекнатите резултати!

– Ви благодарам за интервјуто!

Прашањата ги поставуваше Олесија Антјушења

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х