Постојат многу мотиви зошто идните студенти сакаат да студираат во друга земја. Образованието во странство на идните стручњаци им дава можност да стекнат многу знаење и огромно искуство во пракса; им обезбедува услови за развој на лингвистичките компетенции, благодарение на секојдневната комуникација во странската средина; им дава шанса да запознаат една нова реалност, да откријат различни земји и да ги прошират границите на својот дотогашен свет. Важен фактор е и личниот развој: флексибилност во размислувањето, способност за ориентација во различни животни ситуации и приспособување во непознати услови.

Photo: Designed by @creativeart

Одлични можности за реализација на сето горенаведено дава програмата на ЕУ за студентска размена ЕРАЗМУС+. Официјално таа започна пред повеќе од 30 години, а до денес во неа учествувале 10 милиони студенти од целиот свет.

Суштината на ЕРАЗМУС+ е во тоа што студентот може да стекне стручна обука на ист факултет при универзитет во странство. Основни цели на програмата ЕРАЗМУС+ се: поквалитетно образовение, развој на мобилноста и на културните врски на студентите од Европската Унија и од соседните земји. Времето поминато на странскиот универзитет, му се признава на студентот на домашниот универзитет.

Интересни факти за студентската размена:

  1. во Европа околу 20 % од студентите имаат искуство со студирање или стажирање во странство;
  2. повеќе од 60 % од учесниците во програмата се женски;
  3. најголем број од студентите што биле на размена биле на студии по хуманистички и општествени науки, новинарство, право и бизнис администрација.

Што е неопходно за учество во програмата?

Услови за учество во програмата ЕРАЗМУС+ се:

  1. универзитетот на кој сакате да одите, мора да има договор за учество на размена со вашиот домашен универзитет;
  2. мора да бидете минимум втора година додипломски студии (ако сакате еден семестар од втора година или цела втора година да ја поминете во странство, мора да се пријавите во прва година);
  3. мора да имате просек повисок од нивото кое го одредил универзитетот;
  4. мора да имате сертификат за познавање на англиски јазик или на јазикот на земјата во која одите, на ниво Б1/Б2 (според Заедничката европска референтна рамка за јазици).

Изборот на кандидати се прави врз основа на конкурс. За учество треба во определен рок да ја пополните електронската пријава според правилата на домашниот универзитет и да приложите два документа:

  1. уверение за положени испити (се пресметува просекот на испитите од тековната или од претходната година);
  2. мотивациско писмо (1-2 страници). Во него треба да нагласите три важни работи: искуството во текот на студиите и праксата во вашата струка; предностите кои вие ќе ги имате ако учествувате во програмата и/или државата во која ќе работите, и што ќе добие од вас универзитетот што ве прима (знаење, искуство, иновации).

Домашниот универзитет може самостојно да бира кандидати за учество на програмата Еразмус Плус. При тоа има обврска да спроведе јасна, отворена и праведна конкурсна процедура. Сите студенти добиваат документи со резултатите од изборот и може да поднесат жалба ако не се согласуваат со одлуката на универзитетот.

Избраните на конкурсот пред да отидат на размена, склучуваат договор за учење (Learning Agreement) со домашниот универзитет. Во него се наведени сите предмети и нивниот фонд, кои студентите ќе ги слушаат и кои ќе ги полагаат при престојот во странство. Ако ги положат во странство, ќе им бидат внесени во индексот откако ќе се вратат на домашниот универзитет.

Програмата трае од 3 до 12 месеци на еден циклус студии (т. е. максимум 12 месеци на додипломски, 12 месеци на магистерски и 12 месеци на докторски студии).

Студирањето во странство е можно и по дипломирањето. При тоа треба да се исполнат два услова:

  1. oд дипломирањето да не поминале повеќе од 12 месеци;
  2. регистрацијата за учество и изборот на студентите мора да се одвивале во текот на студирањето.

Конкурсот за учество на програмата ЕРАЗМУС+ на универзитетите почнува во јануари. Поднесувањето на пријавата трае од крајот на февруари до почетокот на март.

Редовните студенти кои учествуваат на размената може да сметаат на стипендија, чиј месечен износ варира во зависност од универзитетот и од земјата во која оди студентот. Така, минималниот износ во 2018/2019 година бил 370 евра во земјите со ниски трошоци за живот и 520 евра во оние со високи трошоци за живот. Треба да се спомене и дека престојот на странскиот универзитет во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ не подразбира дополнителни трошоци за студентот, поврзани со плаќање на студиите.

Географија на програмата ЕРАЗМУС+

Во програмата ЕРАЗМУС+ учествуваат сите земји на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Македонија и Турција. Пристапот на универзитетите во овие земји им е овозможен на студентите и наставниците од целиот свет. Од 2015/2016 година во програмата за размена може да се учествува и надвор од дадените земји, ако универзитетот аплицирал за добивање средства за учество на свој студент во Еразмус+ програмата надвор од Европа.

Во програмата за размена Еразмус+ учествува поголемиот дел од високите и стручните образовни институции во Словенија. Изборот на програми е голем: економија, право, општествени науки, инженерство, градежништво, висока технологија, медицина, ветеринарство, новинарство, архитектура, хуманистички и природни науки. На тој начин, студирајќи на квалитетен универзитет, студентот има можност да учествува на програмата ЕРАЗМУС+, откривајќи ја и избраната европска земја и широкото меѓународно пространство.

Не треба да се споменува дека потврдата за учество во ЕРАЗМУС+ е светла точка во биографијата на секој млад стручњак за европските работодавци. Со кратката синтагма „Учесник во програмата ЕРАЗМУС+“ веднаш е јасно дека кандидатот е упорна и посветена личност, личност полна со разбирање и личност која умее правилно да одредува приоритети и да донесува одлуки.

Официјално, програмата престанува да функционира во 2020 година. Сепак, нема сомнеж дека ЕРАЗМУС+ и натаму ќе продолжи со работа. Уште отсега во Европскиот парламент се залагаат за удвојување на буџетот за програмите за меѓуниверзитетска размена на студентите и наставничкиот кадар, што значи дека ќе трае уште долго!

Олга Шумакова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!


КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х