Образованието е најпрофитабилна инвестиција во човекот која што му овозможува да заземе добро место на пазарот на трудот. Тоа е влог во неговата професионална самореализација и благосостојба. Денес, се повеќе идни студенти си го поставуваат прашањето: да останат во својата земја или да одат на студии во странство? Ајде заедно да анализираме кои можности ги отвора европската диплома!

Photo by: Shopify Partners

Европската диплома ја зголемува конкурентноста на кандидатот за време на барањето на работа, бидејќи таа е доказ за неговите темелни знаења и професионални компетентности. Свежите погледи, повеќестраниот развој и високите квалификации го прават кандидатот „број еден“. Освен тоа, покрај високиот квалитет на наставата, познат е и интересот на европските универзитети да ја сочуваат својата репутација. Не ретки се случаите на корупција во некои земји, кога студентите се „договараат“ со професорите околу полагањето на испитите во замена за „надомест“. Во Европа, ваквите обиди можат да завршат со исклучување од факултетот, а доколку студентот е странец дури и со негова депортација.Така што, европската диплома е чесно заработен документ за стекнатото образование, во кој зад секоја оцена има вистинско знаење. 

Мора да напоменеме и дека европските образовни институции имаат интерес нивните поранешни студенти да се вработени. Стручни лица разговараат со студентите, им даваат препораки и им помагаат во наоѓање пракса за време на студиите. За условите и можностите за странските студенти, во интервју за 2ТМ зборува извршниот директор на словенечкиот Колеџ за стручно образование „Академија“, Жан Дапчевич. 

Што друго е привлечно на европските универзитети за идните студенти од земјите на бивша Југославија? Тоа се пред се развиениот образовен систем и техничката опременост. Научно истражувачката инфраструктура овозможува спроведување на сериозни истражувања во рамки на самиот факултет, а современите мултимедијални средства и исклучително опремената библиотека служат за продлабочување на знаењата и вештините. Клучна улога овде има желбата на самиот студент да ги прифати знаењата со помош на напорна работа и самодисциплина. Истовремено, секој студент, па така и странскиот, може секогаш да смета на помошта и поддршката како од страна на предавачите така и од колегите.

Мора да ги споменеме и условите за студентите во Словенија – од комфорни студентски домови до бесплатен пристап на интернет, попусти за храна и возење со јавниот превоз. Покрај тоа, пред студентите на словенечките универзитети се отвораат безгранични можности за достапни патувања во цела Европа, без да размислуваат за добивање на виза. Уште еден аргумент во корист на одлуката за студирање во странство е усовршувањето на вештините за комуницирање на друг јазик. Човекот кој зборува неколку јазици секогаш ќе биде баран на пазарот на трудот.  

Во Словенија се отвораат широки можности и за запознавање на културата и традицијата на различни земји. Факултетите организираат многубројни културни и забавни програми, на кои ги покануваат студентите од другите факултети, а тоа значи стекнување на нови понзнанства и ширење на погледите на светот.

Нема поисплатлива инвестиција од вложените пари во себе. И не само тоа, доколку студентот посветено студрира, тој со европската диплома брзо ќе најде добро платена и престижна работа, а вложените пари ќе ги врати со камата. Просечна плата во приватниот сектор во Словенија изнесува 2200 евра месечно. Нивото на платата во другите европски земји кои се наоѓаат близу Словенија се значително повисоки: во Италија – 3150 евра, во Австрија – 3700 евра, во Германија – 3800 евра. Да потсетиме дека студирањето за државјаните на земјите од бивша Југославија на основа на билатерните договори е целосно бесплатно. На тој начин студиите во Европа откриваат многубројни перспективи, а стекнатата диплома овде им дава големи можности на студентите за изградба на својата иднината. Сепак, способноста тие сами да се реализираат, зависи од самата личност – од нејзините вредности, решителност и упорност. 

Автор: Јулдуз Азамова

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х