Иако паричните средства и нивното користење се разбирливи сами по себе, тоа не е баш така. Во праксата честопати гледаме дека кај некои луѓе парите, како што се вели „им се лизгаат низ прстите“, додека кај други со истите приходи дури им остануваt „во џебот“. Станува збор за финансиска писменост, која кога ќе ја совладате, ќе го заштитите својот буџет од дефицит. Како да се постигне тоа?

Photo: Designed by ijeab

– Зголемете го знаењето и поставете цели

Почнете да читате книги или текстови за финансиска писменост. Денес, секој познава некого што се образувал во областа на економијата и може да ви помогне. Корисно е и да се оди на различни семинари на темата ефективно управување на буџетот.

При реализација на вашите планови клучно е да поставите цели. Списокот на цели (на пр. купување на нов комјутер, автомобил, телефон, штедење на средства за сместување) треба да ги запишете и да ги држите на видно место.

Еднаш кога сте ги запишале, тешко е да ги заборавите: на тој начин, вашите финансиски планови ќе бидат усмерени кон достигнување на целите. Секој шест месеци гледајте го списокот и анализирајте колку сте им се приближиле или заменете ги или додајте нови.

– Реализирајте го својот финансиски план секој месец

Подгответе список за следење на вашата финансиска состојба и поделете го на две колони: приходи и трошоци. Пресметајте колку приходи имате: овде спаѓаат стипендијата, приходите од работата, џепарлакот. Секој месец планирајте го вашиот буџет во рамки на тоа колку ќе одвоите за трошоци во текот на месецот.

Трошоците мора да бидат пониски од вкупните планирани приходи. Буџетот мора да содржи: 1. Прогноза за трошоците и приходите во текот на неделата и во месецот; 2. Приближно испланирани приходи во текот на годината; 3. Ставка за „црни денови“ (во случај на непредвидени трошоци, на пр. поправка или замена на компјутерот или на мобилниот; за болест; купување на спортска опрема); 4. Одвојување на страна; колкава сума можете да ставите на страна секој месец, дури и ако се тоа 10, 20, 30 евра, на крајот на школувањето ќе се собере добра сума.

Почнете со позитивен биланс на вашата сметка. Купете залиха во висина на месечниот буџет. Долгорочните цели почнете да ги реализирате само тогаш кога ќе ја соберете сумата, на ниво на вашиот буџет за неколку месеци, а идеално за половина година.

Многу консултанти за финансии препорачуваат вашите парични средства да ги делите вака: 50% за средства за основни животни потреби и трошоци поврзани со нив (кирија, студиски трошоци итн.), 15 % за нестандардни животни потреби (купување на автомобил, патување, кино итн.), 15% во инвестиции, 15% ставете ги на страна.

Одвојувањето на страна и планирање на буџетот е можно, користејки една од мобилните или компјутерски апликации.

– Размислете за зачестеноста на трошоците.

Можете да ги поделите сите трошоци што ги имате во рамките на вашиот буџет во три групи: периодични, месечни и неделни.

Периодични: тошоци за образование, купување на учебници, мебел, десерти, облека, обувки, претплата на новински магазини, регистрација на автомобил, плаќање на здравствено осигурување, курсеви или членарини во библиотеката; купување подарок за пријател; трошоци за одмор, купување билети за настани.

Месечни: тошок за кирија, превоз (автобус или воз), трошоци за мобилен оператор, телевизија и интернет, фитнес центар.

Неделни: купување на храна и лична хигиена.

– Претпочитате да користите готовина отколку кредитни картички.

Ако користите готовина, ќе имате појасна претстава за трошоците, повеќе отколку ако плаќате со кредитна картичка. Обидете се да не користите кредитни картички: во случај да плаќате со картичка подобро е да користите дебитни картички, за да не трошите повеќе отколку што имате на вашата сметка.

Како секогаш да останете во плус: корисни совети

  1. Направете избалансиран финансиски план за 1 – 5 години.
  2. Редовно водете евиденција за приходите и расходите во текот на месецот. Обрнете внимание на тоа каде и колку сте потрошиле, односно каде и на што можете да заштедите.
  3. Дневно ставајте настрана износ на пари во вредност на едно кафе. За еден месец ќе соберете околу 30 евра, а за годината оваа сума веќе ќе изнесува 360 евра. Овој начин на заштеда не е жртва, туку плата за себе за да ви се оствари некоја желба.
  4. Ситните пари кои се собираат во вашите џебови и во паричникот, ставајте го во метална каса. На крајот на месецот, однесете ги парите во банката.
  5. Заштедените пари секогаш чувајте ги на страна и одвоено – отворете штедна книшка или чувајте ги одвоено.
  6. Размислете во што ќе ги инвестирате вашите пари.
  7. Купувајте ги само оние работи за кои моментално имате пари.
  8. Повикајте ги пријателите дома на кафе. Зошто секогаш да одите во кафетерија ако можете да експериментирате со вкусовите дома, додека штедите.
  9. Дајте им на пријателите свои уникатни подароци.
  10. Доколку е можно, наместо да користите автомобил, користете градски превоз или велосипед. Двата начина се поевтини. Обидете се да заштедите на паркингот.
  11. Секогаш барајте попусти за студенти.
  12. Пред да заминете во продавница, направете листа на потребни работи. Изберете еден ден во неделата за купување, а во другите денови обидете се да не трошите пари на излишни работи. Чувајте ги ваучерите за попуст, следете ги тековните попусти на флаерите, интернет или преку користење на апликации.
  13. Одјавете се од претплата на ТВ пакети, весници или веб страници, ако не ги користите најмалку 2 – 3 пати неделно.
  14. Споредете ги трошоците за услугите кои редовно ги користите кога плаќате на годишно и на месечно ниво (на пример, плаќањето за здравствено осигурување во целост еднаш годишно е поевтино отколку за него да плаќате секој месец).
  15. Не купувајте импулсивно и непланирано.
  16. Размислете на кои начини ќе ги зголемите приходите.

Почитувањето на сите наведени препораки може да ви помогне ефективно да го водите својот студентски буџет. Тоа знаење ќе ви биде од помош и во вашата идна професионална кариера, каде што самодисциплината, планирањето и рационалното користење на средствата се важени фактори за успехот.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х