Гордана Ивановиќ: Најважната информација за уписот на внука ми Сара на факултет во Словенија ја добивме од 2ТМ

„Дали јас ви изгледам на кандидат за студии во Словенија?“ – прашала Гордана, кога при посетата на Саемот во Нови Сад за образование добила во рака леток за студии во Словенија од вработените на 2ТМ. „Можеби имате некој познат кој е кандидат за студии, ми одговори вашата колешка“ – се смее Гордана, тетка на Сара Прибишев, која во моментов е студентка на смерот забна протетика во Љубљана.

Photo: 2TM

Сара заврши забна протетика во средното медицинско училиште во Нови Сад, Србија со одличен успех. Бидејќи овој студиски смер го нема во нашата држава, а таа не сакаше да студира стоматологија, имавме голема дилема каде таа ќе го продолжи своето образование“ – раскажува Гордана Ивановиќ.

Во разговор со вработените од 2ТМ дознав дека во Словенија го има смерот забна протетика. Тие ми објаснија кои се условите за упис и начинот на студирање во Словенија и веднаш ја повикав Сара да дојде овде. Така почна нашата соработка“ – вели Гордана.

Разговорот со Гордана го водевме на саемот за образование во Нови Сад, Србија во почетокот на март, каде што 2ТМ редовно се претставува секоја година.

Најважната информација ја добивме од 2ТМ

Преку стручните консултации со вашите специјалисти за високо образование, дознавме дека услов за упис на студискиот смер забна протетика е кандидатот да има сертификат за познавање на словенечкиот јазик на Б2 ниво. Вие ни дадовте насоки каде се тој се учи во Нови Сад и Сара веднаш се запиша на курсот. Искрено тоа беше предизвик, но Сара е амбициозна и со силна волја и посветеност за четири месеци го положи потребното ниво Б2“ – вели Гордана.

Дознавме и дека има приемен испит на смерот забна протетика. Советничката за образование Мојца од 2ТМ, која не водеше низ целиот процес ни предложи Сара да оди на подготвителен курс за приемниот испит во Љубљана. Јас мислев дека тоа не е потребно, бидејќи Сара учеше четири години за техничар по забна протетика. Но, испадна дека тоа беше највредната информација која ни ја даде Мојца. Целата постапка за пријавување на курсот ја направи 2ТМ. Престојувавме во Љубљана една недела и тогаш се уверивме со Сара дека приемните испити во Словенија во целост се разликуваат од приемните испити овде. Сара овде се подготвуваше за сосема нешто друго и навистина ќе повторам уште еднаш, многу беше корисно што бевме во Љубљана на подготовките, бидејќи доколку се подготвуваше овде, таа не би го положила приемниот“ – појаснува Ивановиќ.

Успешен упис и барање на сместување

Во консултациите со 2ТМ се одлучивме Сара да се пријави на три смерови за да има поголеми шанси за прием. На прво место го ставивме смерот забна протетика, а Сара успешно го положи приемниот и беше примена на саканиот смер. Искрено мислам дека бог не погледна со оглед на тоа дека во Љубљана малку потешко се добива место во дом, се смее Гордана и додава дека имале среќа брзо да најдат сместување за Сара во Љубљана. Таа живее во стан со уште четири студентки и задоволна е од сместувањето и од финансиски аспект.

Искуството со словенечкиот јазик на почетокот на студиите

Гордана најмногу се плашела и ја подготвувала внука си дека најверојатно нема да биде секој професор толерантен до Сара бидејќи не го зборувала одлично словенечкиот јазик. „Но, заедно со колешките од факултетот си помагаа и секако од професорите имаше навистина разбирање на почетокот. Сега таа одлично го владее јазикот и успешно ги положува и колоквиумите и испитите“ – вели Гордана.

За Словенија и идните планови на Сара

Најубав град на Сара и е Љубљана. Неа ја фасцинира тоа што луѓето се љубезни, сакаат да помогнат доколку барате совет, на пример кога одите во банка или во некоја институција и тоа ја воодушевува. Засега не сме забележале дека е носталгична, а ние често ја посетуваме“ – се смее Гордана.

Желбата на Сара е да оди во втора година од студиите на пракса во некоја ординација преку студентскиот сервис. Доколку се искаже со својата работа, можеби ќе има можност да остане да работи таму и секако планот и е да заврши магистерски студии“ – објаснува Гордана.

Автор: Лидија Минанова Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х