На интервјуто за работа кај потенцијалниот работодавач, без сомнение, ќе сакате како прво во најдобро светло да го претставите своето искуство, способностите, знаењата и вештините, бидејќи тоа се едни од најважните критериуми за конечниот избор. Но, на конечното решение исто така влијае и тоа, како вие се однесувате за време на интервјуто.

Photo: pixabay/nastya_gepp

Основни предзнаци за недоволна подготвеност на кандидатот за интервју:

  1. нервоза;
  2. непознавање на спецификата на работењето на идниот работодавач, лоша запознаеност со истата;
  3. доцнење на интервјуто за работа;
  4. недостаток на самодоверба;
  5. преголема желба да се добие работата/да се остави добар впечаток;
  6. лажење.

Обидете се да ги избегнете погоре наведените негативни елементи. Контролирајте се, однапред запознајте се со карактерот и суштината на работата на компанијата каде што сакате да се вработите, секогаш одете на интервјуто на време, оставајте си секогаш доволно време за пат, однесувајте се спонтано, солидно и најважно од се, немојте да лажете, бидејќи лагата порано или подоцна ќе се разоткрие и ќе ја наруши вашата репутација. Притоа треба да напоменеме дека искусниот експерт за човечки ресурси додека го одржува интервјуто по говорот на телото може да примети дека сте нервозни или дека не ја зборувате вистината.

Што може да ви помогне да постигнете добар резултат на интервјуто за работа? Тие нијанси, коишто помагаат да се создаде добар впечаток кај работодавачот:

  1. навременото доаѓање на интервјуто за работа;
  2. искрена воздржана насмевка;
  3. контракт со очи;
  4. цврсто ракување;
  5. гестикулации со кои си помагаме во говорот;
  6. држењето на телото, кога седите, – со благ наклон нанапред (така ние изразуваме вистински интерес за предметот на разговор).

За да го подобрите својот имиџ можете да го вежбате својот однос (тука вклучувајќи го и начинот на зборување) пред огледало. Покрај тоа, замолете го другарот да ви помогне да организирате замислено интервју, тој или таа да бидат во улогата на експертот за човечки ресурси, којшто го организира интервјуто, а вие да бидете кандидатот за вработување. Благодарение на оцените од вашиот другар за вашето однесување вие ќе добиете по објективна слика и ќе можете да бидете по убедливи за време на интервјуто за работа.

Искусните експерти од кадровскиот оддел знаат дека појавата на нервоза кај кандидатите е сосема природна, затоа тие ќе се погрижат да ја направат атмосферата по опуштена пред почетокот на интервјуто, на пример, ќе раскажат некаква шега за својата компанија.

Ви посакуваме голема самодоверба и успешно интервју за работа!

Извор: evro-pf.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х